„Овогодинешниот самит ќе биде посветен на повоената обнова на Украина. И не се работи само за реконструкција. Станува збор за враќање на луѓе, односно за раселени лица кои не треба да станат бегалци. За сета потребна помош и рехабилитација за настраданите од војната. И за заживување на општествениот живот во заедниците и градовите кои беа уништени од окупаторите“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето редовно видео обраќање.
„Денес, нашата држава и целиот цивилизиран свет постигнаа важен договор – постои договор што ни овозможува да ги деблокираме украинските пристаништа и да го вратиме украинскиот земјоделски извоз.
Од првиот ден на инвазијата од големи размери, Русија правеше се не само да го затвори пристапот на Украина до морето, туку и да го уништи самиот потенцијал на нашиот извоз – пристанишната инфраструктура, нашите железници, магацини и лифтови. Не го дозволивме тоа.
И сега не само што можеме да ја вратиме работата на нашите пристаништа на Црното Море, туку и да ја одржиме потребната заштита за нив. Ова е разработено со нашата војска и со нашето разузнавање. Војската ме увери во стопроцентна контрола на приодите до нашите пристаништа“, истакна Зеленски
„И на сите им е јасно дека може да има некакви провокации од страна на Русија, некои обиди да се дискредитираат украинските и меѓународните напори. Но, ние им веруваме на ОН. Сега нивна и одговорноста на нашите меѓународни партнери е да обезбедат усогласеност со договорите.
И сакам да им се заблагодарам на сите наши војници кои го исчистија Змииниј од непријателот, ги бранеа Одеса и Миколајив, постепено напредуваа во Херсонската област, ослободувајќи ја нашата територија. Им благодарам на сите кои секојдневно докажуваат: Русија нема да победи во оваа војна“, додаде Зеленски.