• Latest

Зеленски: Русија се обидува да предизвика глобална ценовна криза, а украинскиот извоз ќе помогне да се стабилизираат пазарите

April 28, 2022
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Русија се обидува да предизвика глобална ценовна криза, а украинскиот извоз ќе помогне да се стабилизираат пазарите

April 28, 2022 15:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Се подготвува важна одлука на Европската унија. Европската комисија се согласи да ги отстрани сите давачки и квоти за украинскиот извоз за една година, како и да ги суспендира антидампинг тарифите. Денеска разговарав за деталите од овој предлог со претседателката Урсула фон дер Лајен. За овој чекор и сум благодарен на неа лично и на сите наши европски пријатели. Токму сега тоа ќе ни овозможи максимално да ја одржиме економската активност во Украина, нашето национално производство, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил каде го објави своето синоќешно видео обраќање.

Зеленски се обрати на крајот од  63-от ден од одбраната од русата агресија.

На почетокот, Зеленски објави дека  се подготвува важна одлука на Европската Унија.која се согласи да ги отстрани сите давачки и квоти за украинскиот извоз за една година, како и да ги суспендира антидампинг тарифите.

За овој чекор тој  ѝ се заблагодари на Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и на сите  европски пријатели.

Според него, ова ќе овозможи да ја одржување на максималната економска активност во Украина и националното производство. Оваа одлука треба да се разгледа не само во украинскиот контекст. Доволниот извоз на украински производи на европските и светските пазари ќе биде значајна антикризна алатка.

Русија се обидува да предизвика глобална ценовна криза. Да започне хаос на сите основни пазари и особено на прехранбениот. Украинскиот извоз ќе помогне да се стабилизираат пазарите. Така штоова е корисно не само за нас туку и за сите Европејци. Жителите на сите земји кои можат да бидат погодени од деструктивните амбиции на Русија, рече Зеленски.

Следни се уште одлуки на новите партнери за либерализација наукраинскиот извоз. Во тек е  договор со Европската Унија како да се зголеми потенцијалот на транспортните коридори на нашата западна граница.

Зеленски кажа дека  разговарал со Претседателот на Индонезија, вклучително и за безбедноста на храната. Тој Нагласил дека заканата од глад за милиони луѓе во различни земји ќе продолжи се додека Русија не почне да бара мир со Украина. Токму поради оваа војна што ја води Русија, десетици држави се најдоа во ситуација кога не можат да бидат сигурни во стабилноста на својот народ.

Зеленски се заблагодари на Индонезија за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на, за чесната и одговорна позиција за време на гласањето во ООН.

Зеленски , исто така се заблагодари за поканата да учествува на овогодинешниот самит на Г20.

Украинскиот претседател исто така изразил  благодарност до премиерот на Италија, Драги, за неговата вклученост во истрагата за злосторствата извршени од руската војска и го информирал за состојбата во борбените зони.

Оваа недела руското раководство започна нова серија енергетски уцени на Европејците. Одлуката за прекин на испораката на гас за Полска и Бугарија е уште еден аргумент во прилог на фактот дека никој во Европа не може да се надева на одржување каква било нормална економска соработка со Русија, посочи Зеленски. Русија го смета не само гасот, туку и секоја трговија како оружје. Само се чека моментот кога ќе може да се искористи една или друга трговска област. Или да ја искористи за политички да ги уценува Европејците. Или за зајакнување на воената машина на Русија, која како цел ја гледа обединета Европа.

Колку побрзо сите во Европа препознаат дека е невозможно да зависиме од Русија за трговија, толку побрзо ќе биде можно да се гарантира стабилност на европските пазари.

Денес се одржа состанок на Конгресот на локални и регионални власти. Првата средба за време на војна од големи размери. Се разговараше за збир на прашања. Конкретно, обновата на нашата земја. Веќе работиме на сите детали за да може максимално брзо и ефективно да се реализира проектот за повоена обнова, изјави Зеленски. Нагласив дека очекуваме конкретни барања и предлози од локалните власти. За да можеме објективно да разговараме со нашите партнери, со Европската унија, со меѓународните донатори. Заедниците мора да ги дадат сите информации за уништените живеалишта, сите оштетени објекти.

Зеленски образложи дека разговарале  и за тоа како и по кој редослед да се гради, како да се организира купување на готово живеалиште, бидејќи  целта не е само обнова на сето она што е уништено од окупаторите, тно и да се решат застарените проблеми со редиците за домување и сл. За сите војници, спасувачи, полицајци, сите што работат за државата, да добијат сопствено домување.

Во Конгресот исто така се слушнале извештаи за најрано можно обезбедување на живеалишта за ВРЛ. Во однос на интеракцијата помеѓу централните и локалните власти во заедниците кои се привремено окупирани и се разговарало за прашањата за развој на територијалната одбрана и координација меѓу локалните власти и агенциите за спроведување на законот.

Денес сакам особено да ги поддржам Украинците на југот на нашата земја. Во Херсон, во сите заедници во областа, во привремено окупираните делови на Запорижската област. Благодарен сум на секој и на секоја кои не се откажуваат. Кој протестира. Кој ги игнорира окупаторите и им покажува на оние маргиналци кои станале соработници дека тие немаат иднина. Колку е посилен нашиот отпор сега, толку повеќе отфрлање ќе видат окупаторите, толку побрзо ќе се врати нормалниот живот во нашата земја, изјави Зеленски.

Зеленски изрази благодарност до Вооружените Сили на Украина кои продолжуваат да ги тепаат напаѓачите на целата територија каде што продолжуваат воените дејствија.

Благодарен сум му на секој од нашите бранители, на секоја наша бранителка кои прават се за Русија да загуби., рече тој. Мариупол, Маринка, Попасна, Северодонецк, Изјум, Рубижне, Днипрорудне, Мелитопол и сите наши други градови и заедници кои сега се во епицентарот на борбата за Украина. Таму војуваат за иднината на нашиот народ. Ви благодариме на сите што ја приближувате нашата победа!

Зеленски информираше дека потпишал укази за доделување награди на хероите. На 173 воени лица на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди на Украина, а титулата Херој на Украина му беше доделена на генерал-полковник Наев Сергиј Иванович, командант на Здружените сили на Вооружените Сили на Украина.

Вечна слава на секој и на секоја кои застанаа во одбрана на нашата држава! Вечен спомен на сите што ги дадоа животите за Украина! Слава на Украина! изјави на крајот од своето обраќање Зеленски.

 

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ