• Latest

Зеленски: Русите лажат самоуверено, како и секогаш

March 10, 2022
Трамп одговара на повеќе прашања од новинарите пред да полета со „Ер Форс Уан“. Фото: 
Forbes Breaking News

Трамп се соочува со негодување од МАГА базата поради можниот напад врз Иран

June 19, 2025

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

June 19, 2025

Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицскоски – Дерала

June 19, 2025
Фото: Собрание на РСМ

Амбасадорката Дир и се заблагодари на пратеничката Василева за поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресијаа

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

June 19, 2025
Фото: Фејсбук ООУ Кирил Пејчиновиќ

Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews

„Направи ми услуга, Владимир, прво посредувај со Русија“ – Трамп ја отфрли понудата на Путин да поредува помеѓу Израел и Иран

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелска болница директно погодена од иранска ракета, Израел го нападна иранскиот реактор за тешка вода во Арак

June 19, 2025

Замолчувањето на новинарите е чекор кон авторитарно владеење

June 18, 2025

24 ЧАСА: Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицкоски-Дерала; Калас предупреди – треба да почнеме да учиме руски ако не ѝ помогнеме на Украина; Трамп размислува за соработка со Израел во нападите врз Иран

June 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Русите лажат самоуверено, како и секогаш

March 10, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати по за последните случувања во Украина по вчерашните руски воени дејствувања:

„Синоќа се појавија информации за жртвите од вчерашното бомбардирање на породилиште и детска болница во Мариупол. Изгубивме три лица, меѓу кои едно дете, девојче. Бројот на повредени изнесува 17. Станува збор за деца, жени, медицински работници.

Знаете, оваа тема беше спомната на руската телевизија. Таа беше кај нив на ток-шоу. Но, ниту збор вистина не беше изустен. Русите ги излажале дека наводно во болницата немало пациенти, а во породилиштето немало жени или деца. Русите биле излажани за фактот дека таму наводно зазеле позиции „националисти“. Тие лажат самоуверено, како и секогаш.

Воените злосторства се невозможни без пропагандистите кои ги прикриваат. Сакам да им кажам една работа: ќе одговарате исто како и сите оние кои наредуваат да се фрлаат бомби врз цивили. Ќе го најдеме целиот имот на пропагандистите и нивните соработници. Ќе се потрудиме да биде конфискуван каде и да се наоѓа. Сакате богат живот. Ги сакате просперитетните земји. Ова повеќе нема да го имате. И ова е само почеток.

Дефинитивно ќе ве гонат за соучесништво во воени злосторства. И тогаш, ова дефинитивно ќе се случи, ќе ве мразат руските граѓани. Сите оние кои сега ги лажете постојано, секојдневно, многу години по ред. Кога ќе ги почувствуваат ефектите од вашите лаги, ќе ги почувствуваат во своите паричници, во можностите кои се повеќе ги снемува. Во украдената иднина на руските деца.

Војната никогаш не е изолирана. Таа секогаш мава и по жртвата и по агресорот. Агресорот само подоцна го сфаќа тоа. Но, тој секогаш разбира и секогаш страда.

Денеска повторно обезбедуваме хуманитарни коридори за нашите градови. Автобусите веќе тргнаа, камионите се веќе на пат – со храна, вода, лекови. Мариупол, Волноваха, Изјум, Суми и областа. Градови и градчиња во Киевската област – Буча, Бородјанка, Ирпин, Гостомел… Срцето ни се крши од она што го направија окупаторите со нашите градови, со нашата држава! И од тоа што сакаат да прават со нашите луѓе на кои им треба итна помош.

Руските трупи веќе создадоа хуманитарна катастрофа во Украина. Но за нив тоа е дел од планот. Сакаат да го понижат нашиот народ. За тие на колена да земаат леб и вода од рацете на окупаторите. За да можат Украинците да си ги спасат животите само со одење на окупираните територии или во Русија. Затоа го блокираат Мариупол, затоа ја блокираат Волноваха, блокираат други градови.

Окупаторите специјално го организираат ова малтретирање за да им дадат нов материјал на своите пропагандни канали. Само заради тоа. Едноставно – чудовишта. И покрај сè, вчера секој час се добиваа ажурирани информации за луѓе кои успеале да бидат однесени на слободната територија на Украина. Вкупно, во текот на вчерашниот ден беа спасени повеќе од 60.000 наши граѓани – плус оние кои не стигнаа до ноќта и продолжија да се евакуираат наутро.

Денес разговарав конкретно со германскиот канцелар Олаф Шолц. За злоупотребата на нашите градови, нашите луѓе. Разговарав со францускиот Претседател Макрон. Во разговорот со Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон почувствував дека нашата антивоена коалиција наскоро ќе стане многу посилна. Следствено, притисокот врз Русија за мир исто така ќе биде многу посилен. За нас се многу важни спецификите во односите со светските лидери, со европските лидери.

Навистина се бориме, навистина се бориме за нашата независност! За слободата, за еднаквоста за сите на континентот! Затоа сакаме да видиме од партнерите такви одлуки кои се засноваат на реалноста, а не на декларации или апстрактни размислувања.

Деновиве лидерите на ЕУ се собираат за да разговараат за војната на Русија против Украина. За да разговараат за нашето барање за членство во ЕУ. Очекуваме конкретен сигнал. Очекуваме силна поддршка. Затоа што ќе биде фер, ќе биде реално, човечки, европски.

Точно знаеме кој и каква позиција зафаќа од лидерите. Точно знаеме кој стои зад нас и кој мисли дека Европската Унија е само сметководство, профит, трошоци и ништо повеќе. Ќе работиме, ќе ги убедуваме.

Животот ќе ги убедува.

Украинци! Наши бранители! Наши бранителки!

Ние сите ја браниме својата држава веќе 15-ти ден. Издржавме. Украинската армија ги одвраќа нападите во клучните области. Благодарение на нашите војници, Националната гарда, граничарите, полицијата, територијалната одбрана и сите што се приклучија во одбраната на државата, ние не станавме робови, ниту некогаш ќе станеме! Затоа што ова е нашата воља, ова е нашата судбина. Гордоста за нашите Вооружени Сили на Украина е безгранична!

По војната, по нашата победа, повторно ќе изградиме сè што е уништено. Многу брзо и многу квалитетно. За секој погоден град ќе се креира посебна државна програма за реконструкција. Веќе и наложив на владата да започне со проектирање.

Чернигив и Суми, Охтирка и Житомир, Изјум, Мариупол и сите наши убави градови, до кои дојде злото, нема да видат ни трага од руската инвазија.

Најдобрите архитекти, најдобрите компании, најдобрите проекти. За секој град! Сакам да го кажам ова на примерот на Харкив. Нашиот Харкив, кој сега го доживува најголемото страдање, најлошото од времето на Втората светска војна.
Салтивка, Олексијивка… Можеби за повеќето Украинци овие називи нема да кажат ништо. Но, жителите на Харкив ќе слушнат. Плоштадот Слобода ќе биде таков, што на него ќе присуствуваат сите, сите ние, сите

Европејци! Полтавскиот пат, Белгородскиот автопат, улицата Мироносицка, Регионална детска болница, Харкивскиот центар за онкологија, универзитетот „Каразин“, Палата на трудот, библиотеката „Короленко“.
Ќе обновиме сè! Лично ви ветувам. Жителите на Харкив ќе видат дека Украина е за нив. И навистина е.
Слава на Украина!“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ