• Latest

Земјишната рента и градежната мафија

October 4, 2019
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Земјишната рента и градежната мафија

October 4, 2019 11:05
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Бизнисмен кој порано се занимаваше со трговијја,  пред неколку години решил својот бизнис да го шири и на градежништвото. Надлежни органи на град Скопје му ветиле дека за 300 илјади евра ќе добие дозвола да гради зграда на ексклузивна локација, „бомбона бизнис“ што би рекла една актуелна министерка. Откако решил да започне со градба, побарал маркица за градба, но, за маркицата му побарале уште 500 илјади евра! Не можејќи да ги плати бараните пари, бизнисменот банкротирал, му го одзеле сиот имот што го  стекнал порано!

Францускиот економист, Жан Батист Сеј, вели дека правото на сопственост на земјата има свое потекло од пљачаката! Tезата на Сеј се потврди безброј пати во  историјата! Колонијалните сили ги пљачкаа колониите со наметнување на свои закони, вклучително и за земјишната рента. При „освојувањето на Дивиот запад“ во Америка посебно внимание се посветувало на рудничката рента, која се стекнувала и бранела со револвери! За состојбите  во Република Македонија пресудна улога имаа комунистите, кои изведоа две револуции, социјалистичката и капиталистичката! Во времето на социјалистичката револуција сите успешни македонски стопанственици пред Втората светска војна, комунистите ги прогласија за „воени профитери“ и со Законот за национализација им го одзедоа сиот имот (земјиште, куќи, магацини, дуќани, фабрики итн.). Истовремено водечките комунистички функционери се вселија во вили со огромни дворови во најатрактивната локација во државата, Водно! По неуспешниот обид со социјализмот, по случај на околостите, македонските комунисти имаа пресудно улога и во капиталистичката револуција, која тие еуфемично ја нарекуваат транзиција! По итна постапка си донесоа закон со кој, за ситни пари, станаа трајни сопственици на вилите и на огромните дворови, од кои нивните потомци продаваат делови по енормно високи цени! Законот за денационализација, односно за враќање на одземениот имот беше донесен по смената на власта во 1998 година, кога наследниците на комуистичката партија претрпеа пораз на  изборите!

Во економската теорија земјишната рента е накнада која закупецот на земјата ја плаќа на сопственикот на земјата (рентиер) за нејзиното користење во определен временски период! Рентата е резултат на монополот над земјата. Во капиталистичките земји рентата се определува на основа на слободна спогодба меѓу сопственикот на земјата и закупецот на земјата! Проблемот со земјишната рента, поточно со цената на земјата во нашата држава е тоа што во времето на социјализмот земјата беше во сопственост на државата, така што нејзината цена ја определуваа властодршците, кои водеа сметка исклучително за своите лични интереси. Со законот за приватизација, по минорни цени, најпрво си ги откупија  вилите, а подоцна и дворовите. Значајно би било да се нагласи дека со договорите за купување на вилите и дворовите, нивните купувачи стануваат трајни сопственици, а не нивни корисници во определен временски период! На тој начин државата е трајно оштетена, бидејќи и е одземено правото за оставрување на рента од изнајмувањето на земјата, градбите и дворовите и тоа право им е преостапено на потомците на комунистичката елита!

Во зависност од намената на изнајмената земја, постојат три категории земјишна рента: земјоделска, рудничка и градежна.

Земјоделската рента се остварува на основа на договор за изнајмување на земја за производство на земјоделски производи. Оваквата рента беше актуелна во педесетите и шестдесетите години од минатиот век кога индустријализацијата беше во почетна фаза и кога не постоеше можност за емиграција во развиените западни земји. Во тоа време цената на земјата беше мошне висока, вклучувајќи и за најнеплодните скакари!  Индустријализацијата, нерешените аграрни прашања и масовното иселување на младите во развиените западни земји придонесоа за рапидно намалување на цената на земјата во нашата држава! Сега за минорни цени може да се купи земја и во најплодните региони во државата! Парадоксално е тоа што младите луѓе кои масовно заминуваат во развиените западни земји работат воглавно во аграрниот сектор во Италија, Швајцарија и други развиени западни земји!

Рудничката рента нема големо значење во нашата држава, бидејќи се покажа дека, наспроти фамата што се ширеше во времето на социјализмот за огромните богатства со минерални и енергетски ресурси,  нашата земја нема позначајни ресурси на метални руди, така што нашите металургиски комбинати работат воглавно со увезени руди и увезена електрична енергија! Единствен рудник кој може континуирано да работи, без оглед на движењето на берзанските цени, е рудникот за олово и цинк „Саса“, кој носи рента како за државата, така и за локалните власти. Меѓутоа, доколку се настави со практиката за експлоатација на најбогатите лежишта на руда, векот на овој рудник ќе биде значително покус, отколку ако се работи домаќински! Нашата држава располага со далеку поголеми ресурси на неметални руди, како што се мермерот, лапорецот, гранитот и дуги неметални руди, кои воглавно ги експлоатираат странски компании!

Градежната рента се остварува на основа на договор за закуп на градежно земјиште. Во времето на транзицијата оваа рента е мошне значајна  посебно во големите градови во кои постои интензивна градежна активност, како што е случајот со Скопје, Тетово, Битола и Охрид! Оваа рента е под целосна контрола на градежната мафија, која ја сочинуваат луѓе од политиката и од градежниот бизнис. На основа на лукративни договори, политичарите на градежните компании им  доделуваат атрактивни локации за изградба на станбени згради, деловен простор и/ли гаражи,  се разбира за висока провизија со која се полнат црните партиски фондови и џебовите на моќните политичари! Со цел реализација на ваквите договори се прават мошне чести промени во деталните урбанистички планови во големите и богати градови! Заради остварување лична корист, во правењето на лукративни договори, посебно со странски бизнисмени,  се вклучуваат и наши врвни политичари, како што беше случајот со договорот за продажба на земјиштето за изградба на хипер-маркетот „Рамстор“ во Скопје, кое странскиот партнер го купи по цена од само 25 евра за 1м2!

Македонските медиуми објавија дека овој договор беше постигнат на основа на директна спогодба меѓу претседателот на РМ и турскиот бизнисман Коч! Не треба да се забораваат ни спогодбите меѓу највисоките македонски политичари и контраверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој  за изградба на туристички комплекс кај Лубаниште на Охридското Езеро и за изнајмување на огромни површини земјоделско земјиште на Овче Поле! Високата градежна рента што ја плаќаат газдите на градежните компании влегува во калкулациите при формирањето на цените на становите и деловиот простор што го градат и затоа не е чудно што цените на становите во Скопје се 2-3 пати повисоки отколку цените во малите и сиромашни општини во нашата држава!

Градежната рента е главна причина за огромниот интерес за градоначалничката функција во Скопје и во останатите големи градови во државата! Нималку не е чудно тоа што некои политичари напуштаат челни места во македонската влада со цел да бидат градоначалници во големи и богати градови. Медиумите објавија дека висок функционер во локалната самоуправа на Скопје, кој очигледно активно учествувал во матните работи на градежната мафија, со парите што ги „заработил“, сега си отвора луксузни хотели во Скопје и во Трст! Мошне индикативно е тоа што досега ниеден сопственик на градежна компанија не пријавил дека е уценуван или рекетиран од корумпираните политичари!?

Можно ли е да се стави крај на на градежната мафија? За жал, не можам да одговорам на ова прашање, бидејќи „нема кој да го чува стражарот“ (Вјакослав Мајснер)! Едно е сепак извесно, сè додека не завладее правото, во државата ќе владее законот на мафијата!

 

Скопје, 30 септември 2019 година       


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања

Print Friendly, PDF & Email
Share56Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    232 shares
    Share 93 Tweet 58
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ