• Latest

„Жени“ – документарна претстава во која играат жени болни од рак

August 27, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Жени“ – документарна претстава во која играат жени болни од рак

August 27, 2019 11:21
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва во 20 часот ќе се одигра премиерата на најновата документарна театарска претстава „ЖЕНИ“, којашто е правена по текстови на жени болни од рак и во којашто претстава исто така учествуваат како актерки, четири жени болни од рак. Претставата е во продукција на Интимен Театар, Битола.

Режијата е на Софија Ристевска Петрушева, кореографија на Кире Миладиноски, видео материјали – Диоген Хаџи – Коста Милевски и фотографии на Петар Тасевски. Играат Невена Стерјевска, Катерина Петровска, Трендафилка Киклевска, Зорица Цибалевска.

Од 2014. година, во Хотел Театар, Битола, функционира здружението за поддршка на жени болни од рак – ОДРАЗ, во чиишто рамки до денес учествувале над педесетина жени болни од рак, коишто ја преживеале болеста или се уште се борат со неа. Состаноците на групата ги водат психијатар и др.на науки Гордана Ристевска Димитровска и психолог Билјана Атанасовска Видановиќ. Во 2017. година, во Интимен Театар, Битола, по идеја на режисерката Софија Ристевска Петрушева, започна иницијатива за создавање на театарска претстава, во којашто ќе учествуваат, ќе глумат, жени од групата, зборувајќи за болеста и за нивната битка со неа. Ова лето конечно се реализира конкретниот проект – театарска претстава, којашто се создаде по документарни текстови од самите жени.

Во претставата учествуваат Невена Стерјевска Стерјовска, Катерина Петровска и Трендафилка Киклевска кои ја споделуваат својата борба со ракот на дојка, и ракот на матка, како и Зорица Цибалевска, којашто минатата година ја изгуби својата мајка Летка Андреевеска, којашто беше голем поборник за создавање на уметност, како начин за борба против депресијата кај болните од рак. Наша основна цел е со овај проект да ја подигнеме свеста за редовни прегледи, што би довело до брзо дијагностицирање на ракот, со што би се намалила огромната бројка на заболени од рак, посебно во нашиот Пелагониски регион.

Претставата е финансирана од Општина Битола и Бит Фест ’19. Премиера за 27 август веќе е распродадена. Втора изведба е на 30 август, петок, во 20 часот, а третата изведба на 1 септември, недела, во 20 часот.

Извор: Плусинфо

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ