• Latest

Жешка политичка есен за слатка политичка пролет

October 18, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Жешка политичка есен за слатка политичка пролет

October 18, 2019 13:22
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВЕЛИН СТОЈАНОВСКИ

По десетте позитивни препораки на Европската комисија сите ние со голем оптимизам го чекавме состанокот на Европскиот Совет, на кој лидерите на земјите членки на ЕУ треба да одлучат дали нашата држава ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во унијата.

По првиот работен ден од состанокот и негативните сигнали оптимизмот стивнува, но, останува надежта дека до крајот на денешниот ден ќе имаме конечно датум за почеток преговорите.

Лично сметам дека  точен датум нема да добиеме. Силниот позитивниот сигнал кој  најверојатно ќе биде формулиран во стилот дека со денот на усвојување на новата методологија за прием на нови членки, ЕУ ќе ги започне преговорите со земјите кандидати. Со што практично датумот се одлага за првата половина од следната година.

Ваквата формулација, или било која друга одлука, без конкретен датум ќе предизвика жешка политичка есен исполнета со барања за превремени избори и препукување помеѓу партиите кој колку сработил и кој е виновен што не добивме конкретен датум.

За жал, и процесот на ратификација на протоколот за членство за НАТО нема да биде завршен до НАТО самитот во Лондон планиран за почетокот на декември со што  и нашето заслужено членство во алијансата ќе се одложи до крајот на март или почетокот на април следната година.

Тоа уште повеќе ќе го разбранува политичкиот амбиент во државава.

За среќа пролетта брзо ќе стаса и за седумдесет и првиот роденден на НАТО нашето знаме ќе се крене пред седиштето на НАТО со што конечно ќе станеме триесетта членка на алијансата.

Живееме во поднебје  кое низ историјата било буре барут. Со влезот во алијансата никогаш повеќе во ова поднебје нема да се зборува за војни и конфликти  туку ќе се зборува за мирот, за заедничкиот живот, за среќата, за европските вредности, за инвестициите кои донеле благосостојба и ќе се раскажуваат впечатоците од патувањата низ целиот свет.

Знаеме дека НАТО не е само воена организација која го гарантира мирот туку и организација во која се градат демократските вредности, а тоа значи со влезот во НАТО институциите во државата мора да се трансформираат.

Со гарантираната безбедност и силни државни институции ќе се створи поволен амбиент за нови инвестиции и подобрување на стандардот на граѓаните.

До крајот на мај и почетокот на јуни наредната година институциите на ЕУ ќе ги направат своите анализи и трансформации и усвојат новата методологија за преговори со земјите кандидати. Практично денот кога ќе се усвои методологијата ќе биде датумот за почеток на преговорите кој ние толку долго го чекаме.

Затоа почитувани политичари смирете ја топката, поправете ја реториката, засукајте ги ракавите и работете во интерес на сите нас. Пролетта брзо ќе стаса со своите слатки плодови: членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Јас би ве замолил никој од вас политичарите да не ги присвојува тие плодови само за себе и својата политичка гарнитура. Тоа е заслуга на сите, а пред се на граѓаните и слатката политичка пролет треба да донесе бенефит за нас граѓаните. Вие, политичарите секако си живеете во својот сладок свет на многу бенефиции, од кои никако не се откажувате.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ