• Latest

Животната средина во 2024: Нерешлива равенка за институциите

January 2, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Животната средина во 2024: Нерешлива равенка за институциите

January 2, 2025 12:29
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Загаден воздух, диви депонии и ѓубришта, реки заробени во мали хидроцентрали, многу вредни природни богатства сѐ уште незаштитени, опасности за биодиверзитетот, континуирана девастација на Охридскиот Регион и историски жаришта. Приликите во 2024 година во животната средина не може да се рече дека се многу поразлични од годините предходно, а и понатаму ова не се врвните приоритети на политичарите и на институциите. Буџетите се ситни, капацитетите се слаби, иако сите декларативно се согласни дека важноста е огромна, се наведува во анализата на Мета.мк. 

Планови на претек, имплементација не

Годинава ја завршуваме со еден голем и важен документ што го донесе Владата, „Планската програма за почист воздух 2024-2030“ во која се утврдени приоритетите на среден и долг рок што се неопходни за да се намалат последиците од аерозагадувањето во поголемите градови во земјава. Владата предвидува проекти за намалување на емисиите од домаќинствата кои користат дрва за огрев, изградба на гасни централи, намалување на загадувањето од јавните објекти што сѐ уште користат мазут и нафта, потоа мерки за намалување на влијанието на транспортот, забрана за палење на нивите, како и формирање на општински редарски служби и комунална полиција.

Документот ги допира точките кои го засегаат квалитетот на воздухот и нуди одредени решенија, но мораме да се потсетиме дека веќе постоеше еден сличен ваков документ, кој исто така содржеше доста мерки, проекти и идеи како да се влијае на загадувањето на воздухот. Но, проблемот на која било власт во земјава, без да навлегуваме во квалитетот на решенијата која ги предложила, останува имплементацијата. Деновиве беше промовирано и ново решение за намалување на емисиите од транспортот и на метежот во Скопје, концептот за кар- шеринг на електрични автомобили. Решението веќе успешно се спроведува низ повеќе европски градови и дава резултати кои очајно му требаат и на Скопје. Но, сѐ додека плановите и програмите кои се носат не доживеат целосно исполнување, воздухот што го дишиме ќе биде со истиот квалитет.

Современиот третман на отпадот само на хартија

Отпадот и годинава остана еден од најголемите предизвици. Современиот третман сѐ уште ни е само на хартија, во визијата за модерните регионални депонии, кои ќе треба да ги решат ѓубриштата со кои живееме на секој чекор. Реализацијата на првата регионална депонија за Источниот и Североисточниот регион годинава минимално мрдна од почетната точка со распишувањето на тендерот за избор на компанија. Тоа ни дава надеж дека идната, 2025, можеби ќе започне и реализацијата на овој стратешки проект. Сепак, големото количество дезинформации, и злоупотреба на локалните жители со манипулации може да влијае на изградбата на првиот современ систем за управување со отпад во земјата, кој треба да се гради со европски пари.

Годинава може да се оцени како позитивна за секторот енергетика и обновливи извори на енергија, особено искористувањето на енергијата од сонцето. Заложбите за напуштање на фосилните горива во овој сектор резултирале со голем број на инвестиции во фотонапонски централи. Но, и годинава останува впечатокот дека зелената енергетска трансформација е резервирана за инвеститорите што целат кон профит и делумно за компаниите кои се обидуваат да си ги намалат трошоците за електрична енергија, но не и за граѓаните и енергетските заедници, кои никако да добијат еднакво право да ја користат енергијата на сонцето.

Она што веќе неколку години по ред го констатира и Европската Комисија во Извештаите за напредокот на државата е неносењето на Законот за климатска акција, клучен документ за да ги потврдиме нашите заложби за борба со влијанијата на климатските промени. Законот се очекува веќе три години по ред, а е клучен и заради утврдувањето на данокот на јаглерод што нашите компании ќе мора да го плаќаат од 2026 година. Идната година останува клучна, за да се донесе овој правен акт, но и сите други со кои ќе треба да се трасира патот за успешно и што побезболно спроведување на оваа новина.

Охридското езеро под постојана закана

Едно од нашите најголеми гордости, културното и природното богатство на Охрид и Охридското езеро и годинава останува на мета на узурпаторите. Годината ќе се заокружи со случај што го откриваат граѓанските еколошки организации за изградени пет нови дивоградби и уште две што се градат на подрачјето на Студенчишко Блато, кое има решение за привремена заштита, пред очите и со знаење на сите државни и локални институции.

Центарот за светско наследство го објави и Извештајот на мисијата на УНЕСКО од 2024 година во кој по трет пат експертите заклучуваат дека Охридскиот Регион ги исполнува критериумите за светско наследство во опасност. Несоодветните интервенции, урбанизацијата, неадекватното просторно планирање, инфраструктурните проекти нанесуваат неповратна штета поради што Охридскиот Регион може да ја изгуби исклучителната универзална вредност во краток до среден временски период.

Очекуваме да се заштитат, но вистински, и Маврово, во процесот на репрогласување за национален парк, Матка, Студенчишко блато, Демир Капија, уникатниот биодиверзитет и уште многу богатства кои можат да се уништат пред нашите очи доколку продолжиме само да се воодушевуваме, а не и да преземаме конкретни чекори.

Нема решение за ниту една од црните еколошки точки

И на крај, покрај актуелните проблеми со кои се соочуваме, мора да ги споменеме и хроничните болки кои веќе со децении ни го нагризуваат здравјето. Историските жаришта си стојат недопрени и заборавени. Делумен исклучок е ОХИС, каде трета година трае расчистувањето на малата депонија со линдан, но затоа пак, за големата депонија, како и за таа во Пеленица нема никакви конкретни активности.

Црниот рид со троска сѐ уште е закана и за Велес, а расчистувањето заглави во судски спор помеѓу концесионерот и општината. Решение нема ниту за арсенот и другите отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, за кои државата повторно и во 2024 година бараше концесионер што ќе го исчисти. Пред една година Министерството за животна средина најави дека доколку не се најде заинтересиран приватен инвеститор, алтернатива ќе биде пронаоѓањето на странски фондови со домашна контрибуција на принципот по кој во моментов се решава проблемот со линданот во ОХИС.

И годинава ни е јасно дека со актуелните финансиски и човечки капацитети, животната средина е нерешлив предизвик и за државните и за локалните институции. Истите прашања и понатаму ги мачат граѓаните, кои имаат уставно загарантирано право на здрава средина во која ќе можат да живеат без да се плашат за последиците по нивното здравје. Јасно е дека тоа нема да им биде целосно овозможено ниту во следнава, 2025, во која останува повторно и повторно да бараат посериозен ангажман на надлежните.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ