• Latest

Животот е чудо

April 11, 2018
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Обид за убиство во Струга: Ги тепале со шипки, а потоа пукале со пиштол

September 17, 2025

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Животот е чудо

April 11, 2018 09:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој ден пешачам низ градов. Буквално секој ден. Од тука и ги црпам приказниве кои ги ставам на хартија. Директно од асвалтот. Вчера пред да заминам за дома седнав на кратко во НАШЕ МААЛО, кафанчето на Рики кое се наоѓа во Кисела Вода, во белиот трговски, на Георги Димитров улица. Во НАШЕ МААЛО сум како дома. Со Рики, сопственикот на НАШЕ МААЛО, се познаваме речиси две години и откако се здруживме имам чувство ко цел живот да се знаеме. Го знаете тоа чувство, сите имаме по некој ако не и повеќе такви луѓе во животот. Според мене во НАШЕ МААЛО се пишуваат најдобрите социјално – општествени приказни и тоа изустени од некои потполни странци за мене, кои доаѓаат тука да ги завршуваат своите пијанства и потоа си заминуваат, кој знае каде.

пишува: Војо Цветановски

Влегувам. Саатот е 21:30. Речиси пред затворање е.

На мое големо изненадувње од радиото свири песната „Љубав удара често тамо где не треба“ од „Забрањено пушење“ бендот на д-р Неле Карајлиќ, во кој гитара свири планетарно познатиот филмски режисер Емир Кустурица. „Забрањено пушење“ е бендот со кој растевме во детството и кој до ден-денес со задоволство го слушуам. Понекогаш, тоа знае да трае и по цели денови, седмици …

„Наше маало“ е пред затворање. Рики седи сам на маса. Двајца типови, на возраст од околу шеесетина години, во дното се допиваат. Седнувам и јас. Порачувам пиво. И додека ја сместувам јакната на столот, едниот од двајцата во дното довикува до мене;

– Ќе пиеш нешто друже?

– Ништо фала, на брзинка сум. – кусо одговарам со блага насмевка на лицето, но не можам а да не му искоментирам на Рики дека ова е уште еден доказ дека во ваквите места кои се сместени во некој агол од крајот на градот, луѓето кои доаѓаат во нив срцата им се големи како планина.

– Песнава што свири, ја знаеш? – му вели на својот пријател човеков што ме понуди со пијачка. – Од „Забрањено Пушење“ е оние „Топ Листа надреалиста“ што ја правеа, ама оваа е од ова новово, Београдсково. Е, според оваа песна Емир Кустурица го сними филмот „Живот је Чудо“, знаеш?

– Не. – кусо му одговоара пријателот. – Не сум знаел.

Сега веќе почнува и мене многу да ме интересира нивниот разговор бидејки навистина малкумина знаат од каде се инспирирал Кустурица за „Живот је Чудо“.

– Која ми е поентата. – продолжува човеков. – Има една сцена во филмот кога Весна Тривалиќ, која игра оперска певица и живее на распадната железничка станица, како сопруга на Славко Штимац, кој пак ја игра улогата на железничарот, кој, патем, не губи надеж и уште верува во Југославија иако увелико државата се растура. Се водат војни насекаде, особено во Босна, каде што и се одвива дејството на филмов. Е, оперскава певица доаѓа на фудбалска утакмица која се игра во нејзиното село, и тоа во сред магла. За еднава екипа игра и нејзнииот син, кој во филмов го игра Вук Костиќ. На целата таа примитвна журка оперскава певица почнува да пее оперска арија. Од силината на нејзините вокални способности целиот стадион ги затнува ушите од галамата. На примитивните им пречи убавината. И додека ја пее својата опера се симнува доле на терен и застанува до клупата каде што е тренерот на екипата за која игра нејзиниов син и му вика:

„Се’ ова е сцена. Всушност, животот е сцена. Знаете нели. Знаете кој го рекол тоа?“ Тренеров молчи и гледа во маглата каде што едвај може да се види утакмицата. А таа продолжува. „Ајде нека ви текне. На “Ш” му почнува презимето. Ајде, ајде нека ви текне.“ Упорна е. А, овој за да ја откачи кусо одговара: „Немам поима, Шекуларац ваљда“. Женава се насмевнува и со доза на едукативност, тупнувајки го по рамото, со израз на лицето – ајде, ајде имаш време, млад си, ќе научиш, му вика; „Ма, нееее, Шекспир, Шекспир го рекол тоа. Знаете кој е Шекспир, така?“ На тоа тренеров возвраќа: „Не знам, госпоѓо, не пратам англиско првенство.“

Двајцава почнуваат гласно да се смеат.

– И на крајот сето тоа завршува со масовна тепачка во маглата. – поентира човеков.

Сега веќе почнуваме и Рики и јас да се смееме. Гласната смеа човеков нагло ја прекинува.

– Е па, друже, мене исто како таа сцена ми личи позицијата во која се наоѓа преживувањево под ова небо. Луѓе кои поима немаат од живот, поставени се на места и позиции за да одлучуваат за тоа на кое ниво и каков треба да биде, мојот, твојот и воопшто животот во оваа земја. Живееме во време во кое во конкурентниот систем најдобро си поминуваат оние што оркестрираат со задкулисието.

Го испива виното одеднаш (читај: на екс) и ја бара сметката од Рики. И додека Рики им ја прави сметката човеков поентира.

– А што да правиме ние кои сме воспитани да сме чесни, искрени, добронамерни, што треба ние да направиме за да станеме дел од конкурентниот систем. Да се испоганиме? Не бе друже, нема, не треба и нема да биде така. Ако и ние станеме такви ќе нема кој да им каже на нашите деца дека треба да веруваат во морални вредности. Ако и ние се претвориме во такви примитивни паразити нема да има кој да им објасни на следните генерации кој е Шекспир, а кој Шекуларац, и тоа темелно, убаво да им раскаже, да им раскаже за врвните достигнувања и на едниот и на другиот. Ајде сега да си одиме.

Платија и заминаа. Со Рики останавме сами. Молчиме. И пред заминување Рики рече: „Наше маало. Тоа е во кратки црти“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Животот е чудоНаше маало
Share84Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    218 shares
    Share 87 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ