• Latest

ЦИВИЛ: Екстремистите мора да одговараат!

February 12, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Екстремистите мора да одговараат!

February 12, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„’Некаде со добро, некаде со нож!’ – пораката на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и ја слушаме со месеци наназад. Ова е отворен и директен повик на екстремно политичко насилство, што е кривично дело. И последниот повик на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за ‘филмска проекција’ на филм за Ќосетa, кореспондира со вокабуларот на водството на оваа партија“, се вели во вчерашното соопштение на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

UMS VMRO - Copy
Повик на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

„ЦИВИЛ – Центар за слобода јасно, гласно и недвосмислено ги потсетува институциите дека се должни да одговорат на сеењето страв и омраза и отворен политички екстремизам со соодветни законски санкции. Во спротивно, тие ќе бидат соучесници во криминалното подривање на стабилноста и безбедноста на земјата.

Ги повикуваме родителите да бидат одговорни и совесни и да преземат сè што е во нивна моќ да не им дозволат на криминалните умови да ги контаминираат нивните деца. Бесмислено е децата да бидат пиони во рацете на еден грст криминалци. Нема зошто децата и младите да се вплеткуваат во валканите обиди на криминални структури да ја избегнат одговорноста за сторените дела.

Родители, кажете им на своите деца дека овие структури не избираат средства за да ги задржат своите позиции на моќ. Нивна цел е да продолжат со безмилосна експлоатација и понижување како на своите лојални поданици, така и на сите останати. Кажете им на децата да се трудат да израснат во нормални и совесни граѓанки и граѓани, а не да му служат на злото.
Ја повикуваме полицијата да преземе максимални мерки на превенција од насилството кое може да избие како последица од деструктивните настапи на неодговорните политичари во јавноста, или од провокации на социјалните мрежи, медиумите и „граѓански“ иницијативи од типот „долги ножеви“ и слично.

Обвинителството мора да покрене постапки против лидерите и високите претставници на политичките партии, кои во изминатите месеци повикуваат на насилство против политичките опоненти и шират омраза по етничка и верска припадност.

Организаторите и промоторите на екстремизмот мора да одговараат, без оглед на нивната припадност или општествена позиција!“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Tags: „Некаде со добро некаде со нож!“БутрелкриминалципроекцијаЌосеУМС на ВРО-ДПМНЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ