Вратите на Зоолошката градина во Скопје од денеска се повторно отворени за граѓаните. Ќе може да ја посетуваат секој ден, од 9 до 16 часот, а притоа ќе мора да се придржуваат на новите протоколи за работа и движење низ Зоолошката, како задолжително носење маска при влез,чекање ред на растојание од 2 метра, забрането хранење и доближување до животните, забрана за употреба на летниковците и детските игралишта и одржување дистанца од другите посетители.
Бројот на посетители во Зоолошката ќе биде ограничен за да не се создава метеж, односно, во текот на еден час во градината ќе може да има до 150 граѓани. Поради пандемијата од коронавирусот, скопската Зоолошка градина беше затворена 2,5 месеци. Тој период беше искористен за дезинфекција на живеалиштата, се реновираа делови од градината, а во соработка со Град Скопје се изградија живеалиштата за пингвини и за фламинга.
П. К.