Велешани имаа ексклузивна можност да го запознаат Зоран Заев од село Муртино, кој по некоја случајност е и премиер на Северна Македонија.
Некои позитивно, некои критички гледаат на оваа изјава на премиерот, кој присуствуваше на митингот во Велес, дел од кампањата на кандидатот за претседател, Стево Пендровски, но во секој случај како на изјава што ќе остане запамтена.
„Јас сум Зоран Заев од село Муртино, струмичко. Едноставен човек. Некои ме викаат „зајче“. Нема проблем. Викаат едно зајче рипка од таму до таму. На крајот ја пееја „зајченце миличко, зајченце сивичко““, изјави Заев пред велешани.