• Latest
Фотомонтажа: Д, Мишев/ЦивилМедиа

Зошто двата дена на Трамп во Белата куќа веќе се чувствуваат како цел мандат

January 22, 2025

РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

June 3, 2025

Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Холандската влада се распадна откако крајнодесничарската партија на Вилдерс ја напушта коалицијата

June 3, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

June 3, 2025
Последици од руските напади врз Харкив. Фото: Телеграм на Олег Синегубов, раководител на Харковскиот регионален државен административен оддел

Во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден загинаа 7, повредени уште 42 цивили

June 3, 2025

Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

24 Палестинци убиени од израелски оган додека чекале помош во Рафа

June 3, 2025

„Тампон зона“ пред Собрание – забрана за протести и јавни собири, пратениците ќе се штитат од граѓаните што ги избираат

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бара истрага за убиствата во близина на местото за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа

June 3, 2025
фото: принтскрин Х

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени ги погоди Турција и Грција

June 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Зошто двата дена на Трамп во Белата куќа веќе се чувствуваат како цел мандат

January 22, 2025 13:50
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ ВО САД, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д, Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д, Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Веќе се чувтсвува како да е вратен со месеци. Доналд Трамп поставува френетично темпо во неговиот втор мандат, исполнувајќи ги предизборните ветувања, наметнувајќи чиста моќ и пресметувања.

По сталожените години на Џо Бајден, враќањето на претседателството кое е непрестаен напад на сетилата, е потсетник зошто толку милиони Американци го гледаат Трамп како  убедлива, историска фигура – и зошто милиони повеќе длабоко се плашат од него, пишува Стивен Колинсон во анализата објавена на Си-Ен-Ен.

Трамп презема остри мерки против имиграцијата, објави неверојатен оглас за технолошки инвестии од 500 милијарди долари, го преименуваше Мексиканскиот Залив, забрани голем дел од политиката за различности во федералната влада, пазаруваше околу ТикТок, отпушти луѓе преку објавување на социјалните медиуми, расправаше за терироријална експанзија, се закануваше со трговска војна, зборуваше со новинари повеќе отколку Бјаден со месеци и танцуваше со меч.

Тој, исто така, го исмева владеењето на правото со ослободување на бунтовниците од 6 јануари 2021 година, лажеше за изборите од 2020 година, бараше одмазда против критичарите, вклучувајќи и со повлекување на безбедноста на поранешен помошник загрозен од Иран, критикуваше епископ;  ја загрози етиката во владата, ги стигматизираше транс Американците и го расчисти патот за Имиграциската и царинската служба да апсат во училиштата и црквите.

А, поминаа само два дена.

Трамп бележи ран успех, но вистинските тестови лежат пред него

Брзината на Трамп е намерна. Толку многу се случува, што ретко има време да се размислува за тежината на еден настан. Ситниците и новите политики што го менуваат светот се фатени во виорот. Трамп е во средината на сето тоа, водејќи ја какофонијата и зголемувајќи ја вревата секогаш кога сака повеќе внимание.

За обожавателите на Трамп, целата активност создава впечаток на бескрајна низа победи и почитувани ветувања. Повеќето луѓе не следат политика 24/7, но приказните и сликите што Трамп ги создава се филтрираат преку социјалните медиуми, радиото и локалните вести и повторно го полни неговиот политички капитал. Дури и кога Трамп само ги трола медиумите или демократите, тоа е во ред: неговите основни гледачи кои не вереуваат во естаблишментот го вратија назад во Вашингтон за да разгневува и заматува.

За непријателите на Трамп, тешко е да се знае за што најмногу да се вознемират. Опозицијата се распрснува, а тој избегнува одговорност. Ноќните компилации на либерали кои стануваат збунети поради неговите последни испади, во меѓувреме, ги исполнуваат конервативните емисии со вести.

Повеќето нови претседателства започнуваат со наплив на активности, иако повеќето ги нагласуваат првите 100 дена наместо првите 100 часа.

Но, Трамп само го направи лесниот дел, успешно организирајќи ги раните етапи. Домашните и меѓународните кризи чекаат на претседател кој во минатото се покажал несоодветен во таква ситуација. Едно е да се потпишат стотици извршни наредби – од кои некои веќе се соочуваат со судски предизвици – но вистинската промена може да се утврди само со донесување закони.

Предавничката задача со која Трамп се соочува во донесувањето на вистинска, трајна промена дојде во фокусот во вторникот на неговиот состанок со врвните републикански конгресни лидери. Се чини дека сé уште нема консензус за тоа дали да се продолжи со огромен предлог-закон за да се протурка неговата агенда или две, помали. Како и да е, ништо не е загарантирано со оглед на малото мнозинство на Републиканската партија во Претставничкиот дом.

Првите два дена, сепак, открија некои важни трендови во новото претседателство на Трамп.

Овој пат поорганизирано

Шокот и стравопочитта од безброј извршни решенија навестуваат многу попрофесионално работење на Белата куќа од неговиот хаотичен прв мандат. Новата шефица на кабинетот во Белата куќа, Сузи Вајлс, беше заслужна за додавање структура на кампањата на Трамп, иако не можеше да ги ублажи неговите диви, понекогаш самоуништувачки импровизациски инстинкти. Можеби таа може да го стори истото во Западното крило.

И за разлика од неговите први денови на функција минатиот пат, Трамп знае што сака да направи и како да го направи тоа. Неговиот добар хумор по воодушевувањето на неговата втора инаугурација – досега незасенчена од неизбежите политички неуспеси – веројатно помогна, исто така.

Тврдокорните притискаат на имиграцијата

Трамп кажа нешто многу откривачко во понеделникот во говор пред поддржувачите за минатогодишните избори.

„Тие сите рекоа дека инфлацијата е проблем број еден. Јас реков дека не се согласувам. Мислам дека луѓето кои доаѓаат во нашата земја од затвори и од ментални институции (е проблемот) за луѓето што ги познавам. И го направив тоа мојот број еден“, рече Трамп. (Нема докази за поддршка на неговите тврдења за затворите и институциите, но неговата политичка поента сé уште стои). Трамп продолжи понатаму: “Зборував, исто така, и за инфлацијата. Но, знаете, колку пати може да кажете дека јаболкото двојно поскапело? Јас би го кажал тоа, и силно би го погодил, но потоа се враќам на фактот дека не сакаме криминалци да влегуваат во нашата земја.

Трамп повторно дејствува според тоа верување со агресивен пакет на извршни решенија што ги поставуваат основите за неговата програма за масовна депортација. Тој прогласи национална вонредна состојба што може да резултира со заминување на војската на граница. Со зачудувачки потег во вторникот, тој ги лиши црквите и училиштата од заштита од можни апсења од страна на Имиграциската и царинската служба. Тој, исто така, им го отежна легалниот влез на миграните во Соединетите држави со укинување на граничната апликација.

Ако една цел на политиката на Трамп е да се создаде клима на страв, тоа можеби функционира. „Службениците на Имиграциската и царинската служба се враќаат да си ја вршат својата работа“, изјави граничниот цар на претседателот Том Хоман за Дејна Баш на Си-Ен-Ен во вторникот, откривајќи како операцијата за депортација би можела брзо да се прошири доколку градовите не помогнат да се следат криминалците кои се во бегство. „Ќе го најдеме, но, кога ќе го најдеме, можеби ќе биде со други. Други кои немаат кривична пресуда се во земјата илегално. И тие ќе бидат уапсени бидејќи нема да удриме“.

Имиграцијата е омилено прашање за неговата база, но Трамп презема ризик со тоа што ѝ дава приоритет, бидејќи трошоците за намирници и домовуње беа она што тој вети дека ќе ги поправи за време на предизборната кампањата и беше особен гласен меѓу неопределените гласачи. Трамп не мора повторно да се кандидира, но мора да ја одржи својата коалиција за да избегне големи загуби за Републиканската партија на среднорочните избори следната година.

Игнорирање на правниот процес

Еден од најголемите стравови меѓу противниците на Трамп беше дека ако тој ја врати власта, особено откако тврдеше дека бил жртва на прогон, дека ќе го земе законот во свои раце.

Тоа веќе се случува како што Трамп раскошно го користи своето право на помилување.

Претседателот жестоко го оправдуваше помилувањето на повеќе од 1.000 демонстранти од 6 јануари и беше целосно непокајнички за помилувањето или ублажувањето на казните дури и за оние кои беа прогласени за виновни за напад на полицајци.

„Убијците денес не се обвинети. Имате убијци кои не се целосно обвинети„ рече тој во вторникот, како начин да се одврати од прашањето за помилувањата.

Трамп, исто така, го критикуваше Бајден за нудење превентивно помилување на членовите на семејството пради стравувања дека ќе бидат цел на новото Министерство за правда. Ова ги потврди стравувањата кај многу демократи дека Трамп ќе го искористи преседантскиот потег на Бајден како изговор за да ја прошири својата моќ. Меѓутоа, за разлика од Бајден, Трамп барем се соочи со печатот за да ја објасни својата позиција.

Подоцна во вторникот, Трамп објави дека ќе даде уште едно помилување – на Рос Вилијам Улбрихт, основачот на дарк веб-страницата за е-трговија „Силк Роуд“ која што министерството за правда ја опиша како „најсофистицираниот и најобемниот криминален пазар на интернет денес“. Помилувањето на Улбрихт, кој отслужуваше доживотна затворска казна, беше услуга за Слободарското движење кое го поддржа Трамп на изборите, сугерираше претстедателот на „Truth Social“.

Користњето на правото за помилување од страна на Трамп за само два дена на финкција ќе ја поттикне загриженоста дека тој сега ефективно дејствува над законот и дека секој кој ќе му помогне политички може да очекува правни предности.

Трамп бара договори насекаде

Една од најзабележителните случувања по враќањето на Трамп се повеќекратните јавни пораки што тој ги испраќа до рускиот претседател Владимир Путин за да го убеди да направи договор за ставање крај на војната во Украина. Откако во понеделникот истакна дека украинскиот претседател Володомир Зеленски е подготвен да разговара, Трамп во вторникот беше прашан дали ќе воведе нови санкции за рускиот лидер доколку не се согласува. „Звучи веројатно“, рече тој. Нема гаранција дека Путин е подготвен да стави крај на конфликтот, но обидите на Трамп да има влијание врз него доаѓаат пред веројатниот повик меѓу лидерите наскоро.

Трамп, исто така, досега ги одложува ветените царини против Кина и во понеделникот посочи дека ја користи заканата како адут пред можното патување во Пекинг. И тој упати нова закана до Европската унија во вторникот, зголемувајќи ја можноста за уште една трговска војна, која може да биде вистинска или преговарачка тактика. „Тие не третираат многу, многу лошо. Така, ќе добијат тарифи“, рече тој.

На крајот на уште еден исцрпувачки ден во новата Бела куќа на Трамп, претседателот – кој сака да ја убеди Кина да го продаде ТикТок  – беше запрашан дали би сакал да види како технолошкиот милијардер Илон Маск, кој веќе има огромни судири на интереси со владата, ја купува апликацијата.

„Би сакал доколку би сакал да ја купи“, рече Трамп.


Стивен Колинсон е висок известувач за CNN Politics кој ја покрива Белата куќа и политиката низ Соединетите Држави и ширум светот.

Превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Доналд Трампизвршни наредбипретседател на САД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ