Роднините на уапсените од Диво Насеље за дневниот весник „Лајм“ раскажале детали за мотивите и околностите во кои дојде до физичка пресметка меѓу ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски со нив, онака како што им раскажале нивните роднини во затворот.
„Утринава, во затворот, Лирим Красниќи го натепал Спиро Ристовски, бидејќи овој му се обратил со зборовите: Ќе ги уништиме албанските училишта! Потоа, во 14 часот, Есат Кафеѓољи го натепал Миле Јанакиески, бидејќи овој го нарекол албански терорист“ – изјавиле роднините за весникот, откако стапиле во контакт со нивните блиски кои лежат во Шутка.
Извори на весникот од затворот Шутка објасниле дека Ристовски бил раскрварен, а дека Миле Јанакиески паднал на земја после два удари. Тој потоа се пожалил на болки, по што бил однесен на преглед во ГОБ „8 Септември“, бил вратен во затворот во Шуто Оризари. Ристовски не се пожалил на болки.
А. Зеќири