• Latest
Фото: Тридс

Зошто уште еден мандат на Трамп би бил полош од првиот

October 17, 2024

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Зошто уште еден мандат на Трамп би бил полош од првиот

October 17, 2024 20:00
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ
Фото: Тридс

Фото: Тридс

Share on FacebookShare on Twitter

Дали второ претседателство на Доналд Трамп навистина би ја загрозила амеиканската демократија? Влијателни коментатори сугерираат дека поранешниот претседател е премногу „слаб“, премногу очаен да биде популарен, или едноставно не е доволно „паметен“ да биде диктатор. Но, на американската историја ѝ недостига вистнски преседан, а неодамнешните искуства на другите земји сугерираат дека политичкото движење со автократски тенденции ќе стане понемилосрдно и поефикасно вториот пат – особено по изборен пораз.

Еве како тоа има тенденција да се одвива: Новодојдениот лидер или новата партија добива национална моќ, само за да претрпи горчлив изборен пораз по еден мандат. Ова искуство има радикализирачки ефект, а партијата или лидерот стануваат решени никогаш повеќе да не загубат. Кога партијата навистина ќе победи по втор пат, таа брзо се движи кон уништување на институциите и правилата што би можеле да го загрозат нејзиното задржување на власт.

Пример A е Виктор Орбан, чија партија Фидес владее со Унгарија двапати. Првиот пат, помеѓу 1998 и 2002 година, Орбан општо функционираше како конвенционален економски конзервативец. Иако тој малку се воздржа од демократските норми, тој никогаш не се оддалечи од европскиот мејнстрим. Но, откако изгуби во 2002 гдина, Фидес помина осум години во оопозиција. Кога Орбан се врати на власт во 2010 година, тој беше решен никогаш повеќе да не биде поразен. Со манипулирање на легислативата, менување на правилата за подобност на гласачите и заробување на изборната комисија, судовите и државните медиуми, тој го направи практично невозможно за опозицијата да победи.

Слична приказна се случи во Полска за време на владата на Право и правда (ПиС). Основана од браќата близнаци Јарослав и Лех Качињски, ПиС прв пат беше на власт помеѓу 2005 и 2007 година, кога беше дел од коалиција и се фокусираше на економската нееднаквост и традиционалните католички вредности. Но, по соборувањето на партијата од власт во 2007 година и смртта на Лех во авионска несреќа во Русија во 2010 година, Јарослав почна да се спротивставува на вистински и замислени непријатели. Кога ПиС освои целосно парламентарно мнозинство во 2015 година, го префрли својот фокус на растурање на демократските институции на Полска.

Меѓу другото, владата на ПиС го преполни Уставниот трибунал, ја прекрои изборната карта и ја презеде контролата врз комисијата за медиуми и судските назначувања. Државните медиуми станаа алатка на ПиС, а опозициските партии ги загубија нивните традиционални комисиски улоги во парламентот, одземајќи им ја платформата за критикување на владата. Но, за разлика од Фидес, напорите на ПиС да го наклони изборното игралиште не беа доволни. Ја загуби власта во октомври 2023 година од коалиција на проевропски, продемократски партии.

Конечно, размислете за хинду-националистичката партија Бхаратија Џаната (БЈП) на Индија. Иако накратко ја вкуси власта како мал дел на поширока коалициски влада во 1989 година, нејзиниот прв самостоен мандат беше помеѓу 1999 и 2004 година. Нејзиниот лидер во тоа време, Атал Бихари Ваџпаји, беше насочен на економска либерализација и подобрување на односите со Пакистан и Кина, а секој обид за „шафранизација“ на земјата остана ограничен.

Како Фидес и Пис, БЈП на крајот ја загуби власта на фер избори. Но, во 2014 година, Нарендра Моди ја донесе партијата до убедлива победа. Како главен министер на Гуџарат, тој претходно претседаваше со брзиот економски раст и антимуслиманските немири во кои загинаа 2.000 луѓе. Кога стана премиер, тој уште повеќе се насочи на економската либерализација, но, исто така, ја поткопа независноста на печатот, ги нападна критичарите на БЈП и ги затвори очите пред насилството на хинду-социјалистичките движења против муслиманите и нивните други наводни непријатели.

Потоа, во 2019 година, Моди го укина специјалниот уставен статус на спорниот регион Кашмир со мнозинско мусламско население и наметна директно воено владеење, како и протуркување на нов закон за државјанство кој ги лиши од права некои муслимани – што го направи БЈП потешко да се победи. И покрај тоа што БЈП драматично не ги оствари своите амбиции на општите избори претходно оваа година, меѓународните набљудувачки групи сега ја класифицираат Индија на Моди како изборна автократија, а не целосна демократија.

Заедничкиот елемент во овие три случаи е харизматичен лидер кој ја отфрла идејата дека на неговите противници некогаш може да им се довери моќ. Поразот е бабицата на антидемократскиот гнев. Кога автократското движење по втор пат ќе ја добие контролата над државната мажинерија,неискуството повеќе не го спречува директно да ги напаѓа институциите.

Паралелите помеѓу овие случаи и движето МАГА на Трамп треба да бидат очигледни. Како и трансформираните БЈП, ПиС и Фидес, денешната Републиканска партија претставува остар прекин од нејзиното неодамнешно минато. Како што американските партии често го правеле тоа, таа претрпе длабока метаморфоза. Таа сега се разликува од нејзината инкарнација од времето на Реган.

Се разбира, постојат континуитети меѓу расистичката реторика на Трамп и Републиканската јужна стратегија од 1970-тите и 1980-тите. Но, Трамп беше политички аутсајдер во 2016 година кој се одвои од – а потоа едноставно го скрши – партискиот естаблишмент. Републиканската национална конвенција од 2024 година покажа персоналистичка партија фундаментално различна од републиканската партија од 2008 или 2012 година.

Како и со Фидес, ПиС и БЈП, МАГА беше движење почетник во 2016 година. Едноставно не знаеше како ефикасно да раководи со лостовите на власт и како последица се соочи со отпор на сите страни. Меѓутоа, ако се даде уште една шанса, ќе има корист од искуството. Покрај Трамп, сојузничките институции, како што е Фондацијата Херитиџ со својот план за Проект 2025, се многу поподготвени од тоа што беа во јануари 2017 година.

Понатаму, како Фидес, ПиС и БЈП, изборниот пораз не го смири републиканскиот темперамент. Обичните републиканци  продолжуваат да ги наградуваат кандидатите од понизок ранг кои ги делат антидемократските верувања на Трамп и кои ќе му се придружат во одбивањето да го признаат поразот на фер избори. Воодушевањето на движењто на Орбан е емблематично за овој тренд. Потпретседателскиот кандидат на Трамп, Џ.Д Венс, десничарите како Такер Карлсон и Стив Бенон и Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (која се одржа во Будимпешта во 2022 година) сите го поздравуваат Орбан како авангарда на бунтовничкиот глобален нелиберализам.

Републиканската партија веќе напредуваше далеку по патот што го следеа Унгарија, Полска и Индија. Без оглед на личните ограничувања на Трамп, тој сега води движење со доволно талент и искуство. Поучени од тоа искуство и од слични движења на други места, друга администрација на Трамп би била далеку поефикасна во поседувањето – и оджувањето – на моќта.

Автор: Том Гинсбург, професор по меѓународно право и професор по политички науки на Универзитетот во Чикаго за PROJECT SYNDICATE
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ