• Latest

Зошто ВМРО-ДПМНЕ се уште не ја закажува седницата за антикризните мерки?

November 3, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зошто ВМРО-ДПМНЕ се уште не ја закажува седницата за антикризните мерки?

November 3, 2022 14:32
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како и секогаш кога се прави листа кој да добие пари од државната каса, ќе се јават и многу незадоволни. Но, како што уште пред една година ни порачаа од Светска банка, државата нема неограничени пари, помошта треба да се намалува и строго да се насочува.

Токму затоа антикризните мерки кои ги предложи и изгласа Владата од страна на економисите беа насочени како умерени и насочени токму на категоријата на ранливите категории на граѓани, но и малите и средни претпријатија полесно да ја пребродат зимата и во наредните четири месеци да се олесни домашниот буџет на граѓаните.

Со претходниот сет мерки што се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки до сега достигна над 760 милиони евра, a тоа значи согласно проценките на Светска банка, вкупната помош на Владата досега изнесува околу 5% од БДП.

За споредба, оваа помош во околните земји изнесува 2,5% од БДП на Србија, 2,1% во Косово, 1,4% во Албанија, 0,5% Босна и Херцеговина и 0,1% во Црна Гора.

42.000 граѓани ја чекаат помошта од антикризните мерки

Премиерот Димитар Ковачевски јасно порача дека за некои од мерките планирани за наредните четири месеци мора да се направат законски измени.

Така е за 330.000 пензионери согласно препораките на СБ пензионерите кои, во зависност дали се меѓу оние со најмали пензии или со малку повисоки, треба да добијат месечна помош од 750 до 1.500 денари.

Во директните мерки е еднократната помош по 3.000 денари во наредните четири месеци за ранливите категории граѓани, кои сега примаат различни видови помош од државата, што значи 42.000 граѓани чекаат на гласање за помошта.

Што треба да добијат стопанствениците?

Мерки побараа и стопанствениците, па така компаниите се ослободени од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување и вкупно се 26 милиони евра остануваат на располагање за оптег во стопанството.

Компаниите што произведуваат храна имаат рок од еден месец да потпишат договор со ЕСМ продажба за набавка на струја по 80 евра за мегават/час.

Оваа мерка на Владата е со ограничено времетраење за да се преброди енергетската криза.

Одлуката стапува на сила по објавување во Службен весник по што компаниите ќе имаат рок од еден месец да потпишат договор. Мерката е со времетраење до 30 април 2023 година или до прекин на прогласената кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија.

Исто така продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност со 10,5 милиони евра преку Министерството за финансии.

Дополнително се одложува воведувањето еколошката такса, која во стопанството ќе сочува 25 милиони евра.

Субвенции за струјата

Од април до е субвенционирана и пазарната цена на струјата и тоа со 80%, па така 611.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи и имаат пет пати помала сметка за струја од она што би ја платиле без субвенцијата на државата, а оваа мерка ќе остане до крајот на годината со што планот е да се приклучат и компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час“.

Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат.

Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

Ги кочи ли опозицијата антикризните мерки?

-Во време на криза, наместо да помогнат – одмагаат, ВМРО-ДПМНЕ кочи законски решенија што обезбедуваат мерки за помош на граѓаните. Преку нивниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ упорно не закажува седница, на која треба да се расправа за законските решенија што овозможуваат исплаќање финансиска помош за одредени ранливи категории, како пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека „овие категории граѓани треба да добиваат парична помош во следните четири месеци. Оваа помош е дел од последниот пакет мерки вреден над 360 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата“.

– Седницата за финансирање и буџет ќе биде закажана откако Владата ќе ги загледа дополнителните мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи и со кои помошта за граѓаните треба да биде поголема отколку во сетот мерки кои ги предложи власта, вели за ЦИВИЛ Медиа претседателот на комисијата Бојан Стојаноски од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека утре или најдоцна во понеделник ќе се донесе одлука кога оваа комисија ќе заседава бидејќи финасиската помош е во интерес на граѓаните.

Владата уште пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра.

Потребна е совест кај пратениците и под итно да се изгласаат мерки што може да им помогнат на илјадници семејства од ранливите категории, пензионерите но и малите и средни претпријатија.

Соња Танеска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ