Зуди Енузи Кока е назначен за нов директор на АД МЕПСО, кој доаѓа на местото на разрешениот директор Сурија Рашиди. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар, пренесе Слободен Печат.
Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија коалициски партнер во Владата.
Кока е дипломиран правник, а до неодамна беше шеф на кабинет на разрешениот директор Рашиди.