По повод Денот на граѓанските огранизации, Цивика Мобилитас го организира Третиот национален форум „Граѓаните за промени“, во сабота, на 23 септември, на Школка, во Градскиот парк во Скопје, од 11.00 до 17.00 часот.
Граѓанските организации ќе се потрудат на креативен и забавен начин да ги претстават своите проекти и постигнувања, преку работилници, презентации, проекции, изложби и музика.
Во духот на приближувањето на граѓанското општество кон својот двигател – граѓанките и граѓаните, грантистите на Цивика ќе се обидат да пренесат нивните искуства и заложби за позитивни промени во општеството.