Во седиштето на ДИК со почеток во 12 часот кандидатите за градоначалници на Град Скопје го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
На територијата на град Скопје локациите каде кандидатите за градоначалници го потпишуваа Кодексот во поединечните општини беа сала во општина Кисела Вода; голема сала во општина Гази Баба; простории на Општинската изборна комисија (ТЦ Бисер, над пекара Специјал); општина Чаир, кабинет на градоначалник; општина Центар, барака 6 , сала на Советот; општина Бутел, општина Сарај; општина Шуто Оризари; ОУ Јан Амос Коменски, Тафталиџе за кандидатите за градоначалници на општина Карпош; општина Ѓорче Петров.
Кодексот се потпишуваше истовремено и низ сите општини во Македонија.