• Latest

Ние не сме луѓе, ние сме духови!

September 17, 2017
Фотографија: СДСМ

СДСМ на првата од низа прес конференции за трагедијата во Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025
Стево Пендаровски, поранешен претседател на Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски за Дојче Веле: Владата нема намера да оди кон ЕУ

May 31, 2025
Суми, Украина, 13 април 2025 (фото извор: објава од украинската амбасадорка Дир)

Наредена задолжителна евакуација на 11 погранични села во Сумскиот регион

May 31, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО: Данела Арсовска како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости

May 31, 2025

Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28

May 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик, од 25 на 50 отсто

May 31, 2025
Ивон Величковски, 26 јуни 2024/ фото: Ариан Мехмети- ЦИВИЛ

Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

May 31, 2025
Фото: Архива

Јаглеродните траги од израелската војна врз Газа го надминува оној на цели земји

May 31, 2025
Војо Маневски

Ќе се вложуваат ли пари во образованието?

May 31, 2025

Студентите во блокада одржаа протест во Белград, бараат распишување предвремени избори за Парламентот

May 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ние не сме луѓе, ние сме духови!

September 17, 2017 20:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната конференција „Враќање на одземената правда“, беа изнесени и неколку потресни сведоштва на луѓе – жртви на политички прогон, обвинети и членови на нивните семејства.

Сведоштво на обвинет во случајот „Шпион“

„Осуден на три години затвор, потоа преименувана затворска казна во условна казна од 5 години. Јас нема да се произнесувам во врска со случајот, ниту со правните последици од случајот, туку ќе зборувам како сведок, нем сведок, за една личност, која беше осудена во процесот „Шпион“. Се работи за четвртообвинетата личност, која за жал беше припадник на институцијата од прво вработување и кој повеќе не е меѓу нас, замина онаму кадешто еден ден сите ќе заминеме. На таа личност четири месеци пред да му се случи она што ни се случи на сите нас, констатирана му е смртоносна дијагноза. Тој фатален ден, четири месеци подоцна, на 16 септември е лишен од слобода, и покрај тоа што неговите претпоставени знаеле за неговата здравствена состојба. Ден потоа му е одредена мерка притвор од 40 дена по што е пуштен во домашен притвор. Доаѓаше на сите рочишта, со придружба бидејќи не можеше ниту по скали да се качи и за жал не го дочека крајот. Јас овде прашувам пред сите вас, дали постои пишан збор во позитивните законски прописи за заштита на луѓе со таква дијагноза?“

Случајот „Монструм“ е игра со времето!

Бедри Ајдари – претседавач на Координативниот организационен одбор за случајот „Монструм“, сведочи за сите неправилности во судската постапка за случајот „Монструм“.

„Барам од оваа Комисија и од медиумите да побараат одговорност за овој случај. Овој случај се уште нема епилог. Она што ни се случува од 1 мај 2012 година е уништување на животите на цели семејства, уништување бракови, растење на мали деца без родители, починати членови на семејства од стрес и страв за судбината на најблиските, сето тоа направено со цел една политичка гарнитура да остане на власт. Тоа е играње со времето. Потоа имаме прекршување на презумпција и да бидат осудени истиот ден кога се приведени, и тоа од врвот на државата, злоупотреба на службената должност, злоупотреба на заштитен сведок, прикривање на материјални докази, неприфаќање на алиби, промена на истражен судија само за да се постави играч на власта, професорот Алексеј Дума, после пет години се изјасни дека за случајот „Монструм“ и за неколку други случаи треба да се отвори уште една постапка, злоупотреба на ПИМ мерки. Сите овие работи се случуваат под покровителство на Владата. За случајот „Монструм“ се изјаснија највисоките ентитети кои велат дека во затвор се невини луѓе! Дали Македонија како држава има капацитет да го заврши овој случај во законита постапка, со реална опасност, знаејќи дека, има реална опасност овој случај да се искористи за политички цели, па дури и за граѓански немири“, рече Ајдари.

Канцерот е во минатата власт!

Милчо Демерџиев – специјалист невролог, осуден во случајот „Метастаза“.

„Јас работам на медицина базирана на докази, значи јас кривично одговарам ако не спроведам постапки и дејствија коишто би загрозиле здравје на пациент. Тука сум за еден можеби заборавен предмет „Метастаза“, веројатно терминот „канцер“ бившата власт го оставила за нив, бидејќи очигледно е дека канцерот е таму. Тука сум за 80 дена во затворот во Шутка и осум месеци домашен притвор, поради некое злосторнично здружување кое се случило на непознат датум, на непознато место, во тек на цела година, иако злосторничко здружените не се познавале меѓу себе… Ние, меѓу првите, имавме заштитен сведок. Јас лично не го познавам, некои од обвинетите велеа дека го познаваат и дека против него се води друг процес. Осуден сум за издавање на невистинита медицинска документација, утврдено од судијата и од обвинителот, кадешто не е извештачен ниту микрон од медицински документ, кадешто судијата и обвинителот стануваат и кардиолог, и невролог, и психијатар, и психолог. Ја поздравувам оваа иницијатива и сакам да напоменам бидејќи ќе се филтираат предмети, онаму каде што има предзнак заштитничко здружување, каде што има заштитени сведоци, сето тоа одново да биде отворено. И на крајот, она што го бараме сите ние, само фер судење!“, вели Демерџиев.

Наместо Скопје 2014, нам да ни изградат споменици!

Верка Бачварска, мајка на обвинет во случајот „Детонатор“.

„Јас сум граѓанин на оваа држава, член на овој Комитет и исто така се чувствувам како жртва на овој систем од претходниот режим, бидејќи сум и мајка на еден од осудените во политички монтираниот процес „Детонатор“. „Детонатор“ е процес кој грандиозно и бомбастично беше најавен како акција за покер апарати. За на крајот, кај некои од обвинетите после неколку месеци, заврши со обид за убиство со умисла. Член, којшто и ден денес избегнувам да го изговорам, го сонувам и од кој имам кошмари. Акцијата „Детонатор“ се случи благодарејќи на вистинското злосторничко здружување на минатата власт во оваа држава. Можете да замислите каков е нашиот правосуден систем, како работела фамилијата на власт, вистинското злосторничко здружување, за кое немаше да знаеме да не беа т.н. бомби. Немаше да ја слушаме Јанкуловска како вели ‘еднаш да ги ставиме во притвор, после е лесно, се навикнуваат!’ Да! Се навикнаме и ние родителите. За жал, или за среќа некои сме се уште живи. Во процесот „Детонатор“ починаа две мајки и еден татко. Многу пати си мислам, бидејќи шестта година, како се овие луѓе во затвор, се молев син ми од одделение Ц, како што би рекол Кежаровски, одделение каде што сакаат да те скршат да го преместат на друго место. Некои од нас се уште не се скршени! И знам дека кога ќе се дислоцираат спомениците од Скопје 2014 треба нам да ни изградат споменици! Мислам дека со секој шамар, со секој ден на мојот син и на неговите блиски таму во затвор, сум уште посилна!“, вели Бачварска.

Ние не сме луѓе, ние сме духови!

Љубомир Бундалески обвинет во случајот „Змиско око“.

„Јас сум од „Змиско око“ – првенчето. 23 ноември лично, десет години од апсењето, нема да зборувам дали е спектакуларно, знаеме сите како беше, немаме никаква пресуда. Два пати Апелација ја поништува пресудата. Условите во затворот се на сите познати. Јас сакам да зборувам за прекршувањата на правдата што се врши во судот. Обвинителката Вилма Русковска може да покрене обвинение против мечка! Па добро, тие луѓе имаат ли некој, како што јас сум одговорен за мојата работа, има ли некоја санкција, тие да одговараат за нивната работа? На крајот кога не можеа да констатираат економска штета, донесоа вешто лице, кое што се потпишуваше на вештачењата како вешто лице, и го има на записник, адвокатот Вуиќ го прашува дали знае дека прави кривично дело, затоа што се потпишува како вешто лице, а не е лиценциран вештак и судијката даде пауза. Тоа е првиот дел, вториот дел е репресијата. Утрински весник, на 19 ноември 2007 година пишува обвинет, татково име и презиме. Што со тоа? Сите сме бележани црни овци. Веќе не сме луѓе, веќе сме духови!“, вели Бундалески.

Поддршка на конференцијата даде и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.

„Јас само да ви кажам дека нема режим, којшто не ме апсел. Почнувајќи од југословенскиот затоа што работев на проектот на растурање на Југославија. Успеавме да ја донесеме самостојна Македонија, верувавме во неа, верувавме дека во нашата држава ќе владее правото, но, за жал, видовме дека не поминав неказнет и во оној и во претходниот режим, за на крајот на мене да биде применето англо-саксонското право и заминав во Хаг. Но ова што го доживеав во пост-хашкиот преиод е најстрашното. Затворите ми го делат времето и животот. Поминав скоро десет години робувајќи за оваа земја. Верувам во овие луѓе кои земаа сериозна обврска да го одбранат правото, да ја вратат правната држава. Сакам да апелирам, бидејќи повеќе од сигурно е дека ќе се донесе Законот за амнестија, да се примени едно старо начело, кое е повеќе реторичко, а тоа е: подобро илјада виновни на слобода, отколку еден невин во затвор. Во овие пет години самувајќи во Идризово, без никакви права, како викенд и слично, како што имаат другите, во тој македонски Сибир, лежат над 50% луѓе кои се невини!“, истакна Бошковски.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бедри АјдариВерка БачварскаЉубе БошковскиЉубомир БундалескиМилчо Демерџиевправдасведоштвасудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ