• Latest

10 март: Се затвараат училиштата, градинките и факултетите на 14 дена, Вангеловски разрешен, уште два дена увид во Избирачкиот список…

March 10, 2020

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

10 март: Се затвараат училиштата, градинките и факултетите на 14 дена, Вангеловски разрешен, уште два дена увид во Избирачкиот список…

March 10, 2020 18:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Oд утре се затвараат училиштата, градинките и факултетите на две недели

Прекин на воспитно-образовниот процес во сите детски градинки, основни и средни училишта и високообразовни установи на територијата на целата земја во наредните 14 денови, прогласи Владата на денешната седница, како дел од дополнителните мерки за справување со коронавирусот, што ги предложи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по состанокот со Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи. Мерките ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче, а опфаќаат и ослободување на вработените од работните обврски во овие институции и дозволено платено отсуство во текот на следните 14 дена за по еден родител на десетгодишно дете, вработен во јавните и приватните институции.

Физичките и правните лица кои нема да ги почитуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

– Се забрануваат масовни собири на отворено и затворено, со над илјада ученсници на територијата на целата земја во наредните 14 денови, а се препорачува да не се организираат и сите културни настани на ниво на РСМ, се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица, кои доаѓаат од високо и средно-ризичните држави во период од 14 дена. Се забранува извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од земјава, освен со посебна довола од Министерството за здравство. Препорачуваме на возрасните и високоризичните категории на граѓани да го намалат своето движење, да го избегнуваат јавниот превоз. Се препорачува избегнување на патување во земји со висок и среден ризик, рече Филипче.

Тој потенцира дека Државната изборна комисија треба да ги ослободи од сите ангажмани во изборниот процес вработените од јавно здравствените установи кои се ангажирани за изборите.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Корона вирусот влезе и во агендите на политичките партии

СДСМ ги одложи активностите на претседателот на партијата Зоран Заев и на партиското раководство, зпланирани за деновиве, и целосно ги почитуваат сите препораки од институциите во борбата против корона вирусот, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, смета дека власта е виновна за корона вирусот, додавајќи „Наместо Министерството за здравство да биде главен заштитник од корона, тоа е најголемиот извозник на вирусот. Ништо не остана од помпезно најавуваните контроли, системот на владата е “пробиен како решето”. Најмалку што во овој случај може да се направи е итна оставка на Филипче.

Барањето оставка од министерот Филипче, е единствената „препорака“ од опозицијата во борбата со корона вирусот.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Денеска ќе биде разрешена директорката на Клиниката за кожни болести, најави министерот за здравство. Директорката, која беше позитивна на тестирање за корона вирус по патување во Италија, поради непочитувањето на препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје доведе во опасност најмалку 200 лица. Истовремено, поради контакт со неа, во изолација е целокупниот персонал на скопската клиника за кожни болести, како и персоналот од Одделението за кожни болести од штипската болница.

*

Разрешен е Јово Вангеловски. Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одби како неоснована жалбата од поранешниот претседател – досегашниот судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Врховниот суд, на вчерашната седница одбиена е жалбата на Вангеловски од 23 септември 2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција претседател на суд.

*

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат предизборните реклами на партиите за претстојните избори на 12 април.

*

Во Скопје, од страна на Град Скопје во соработка со Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, се отвори куќа за отворено домување за жените жртви на семејно насилство кои ја напуштиле насилната средина.

*

Увидот во Избирачкиот список за гласањето на предвремените парламентарни избори на 12 април завршува утревечер на полноќ, а до вчера во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК своите податоци ги провериле 7.526 граѓани. Дотогаш е отворена и можноста за проверка на податоците на избирачите, бришење или дополнување во Избирачкиот список.

Рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на македонските државјани за гласање на изборите на 12 април завршува исто така на 11 март на полноќ. До вчера за гласање во дијаспората се пријавиле 4.299 македонски државјани во странство.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперковски на панелот на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“

Режимот ја зароби и ја злоупотреби државата, а особено полицијата, судството и медиумите, а секој обид да се изрази поинакво мислење, го санкционираше со апсења, тортура, монтирани судски процеси и линч во медиумите и на социјалните мрежи. Притворот се претвори во казна, а затворските казни беа максимални и драконски, засновани на сомнителни докази и сведоци.

Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперковски, жртви на режимот, ќе говорат на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира ЦИВИЛ утре, среда, 11 март, во Парк Хотел (зад Градскиот стадион), со почеток во 12 часот. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Голем национален семинар на ЦИВИЛ за граѓанско новинарство и мониторинг

На 21 март (сабота) во Скопје, хотел Континентал, ЦИВИЛ организира голем семинар за граѓанско новинарство и мониторинг на национално ниво. Семинарот е посветен на спроведувањето на транспарентни и одговорни политички процеси со посебен акцент на мониторингот на државните институции за спроведување на предвремените парламентарни избори во земјата, како и сите учесници во процесот.

Овој семинар е одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат да соработуваат со ЦИВИЛ во изборниот мониторинг или во други проекти на ЦИВИЛ.

                                         ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани граѓан(к)и од целата земја. Поради новата методологија, ЦИВИЛ ќе ги земе предвид и апликациите на оние граѓанки и граѓани кои претходно учествувале на некој од семинарите на ЦИВИЛ, но предност ќе имаат тие што за прв пат се пријавуваат на овој семинар. Патните трошоци ги покрива организацијата.

Во период на политички превирања, кога низ државата сè почесто има протести, говор на омраза, граѓанските новинар(к)и се тие кои може да придонесат кон зачувување на мирот и зајакнување на демократските процеси.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, како и своите досегашни учесници и соработници од семинарите за граѓанско новинарство, како и сите заинтересирани за мониторинг на изборните процеси да фотографираат, снимаат и забележуваат.

Говорот на омразата, дезинформациите, лажните вести, црната кампања и корупцијата се темите кои се во фокусот на нашата работа. Преку граѓанското новинарство, граѓанките и граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните и локалните функционери и институции и да вршат притисок тие да работат според законите, транспарентно и одговорно.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во својата колумна „Екскурзија во Будимпешта: По друм одат, за пат прашат“, пишува дека за помалку 24 часа граѓаните ќе дознаат како поминал разговорот помеѓу Груевски, Мицкоски и Николовски во Будимпешта.

„Како што можеше и да се очекува, вистинските намери на опозицијата ќе се отсликаат на нивните кандидатски изборни листи. На секои избори, за сите партии, тоа е најделикатното предизборно кадровско и политичко прашање. Впрочем, и СДСМ преку тукушто објавените кандидатски листи очигледно „исплаќа“ долгови за некои од тешко донесените одлуки во минатиот состав на Собранието“, додава Орданоски.

Дехран Муратов

Во соработка со: Биљана Јордановска, Дијана Тахири, Маја Ивановска, Сашо Орданоски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ