• Latest
Љубомир Костовски

100 години од инаугурацијата на фашизмот како владеачка идеологија

November 2, 2022
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

100 години од инаугурацијата на фашизмот како владеачка идеологија

Пред токму еден век се случи предавањето на мандатот за преземање на извршната власт од рацете на италијанскиот крал на лидерот на една во основа минијатурна партија - Бенито Мусолини. Светот тргна надолу, доживеа катастрофа, откако по тој терк сценариото се повтори во Германија. Полошото од таа историска поука е дека работите умеат да се повторуваат во по малку сменет костум, било да говориме за неофашизам или пост фашизам.

November 2, 2022 14:50
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во неделата се навршија сто години од доаѓањето на власт на една фашистичка идеја. По една импровизација од масовност, наречена Марш на Рим, залудените од налудничавиот говорник Бенито Мусолини создаваат ситуација кога италијанскиот суверен Викторио Емануел Трети, му го доделува мандатот за создавање на влада на човекот кој одеше на чело на колоната (маршот траеше од 27 – 29 октомври 1022 година.

Идниот премиер, кого ќе го нарекуваат Дуче (Водач) нанесе толкаво зло на човештвото што тоа и денес, на многу начини, сѐ уште ги вида раните иницирани од споменатиот настан. Но тој, Мусолини, како зачетник внесе и еден вирус во општествените уредувања, што, како парадокс се повторува токму на 100-годишнината од триумфот на една маргинална група низ имитаторска партија, која, во комбинација со уште две други десничарски партии, одново седна на тронот на власта во Рим.

Историјата се повторува – многумина се прашуваат? Одговорот е – секако не во целина, но како политички феномен има многу сличности и во атмосферата на новиот триумф на политичките маргиналци, така и  во некои дури идеолошки синхроницитети. Сепак, како што рекле мудрите  – не преживуваат трајните работи, туку оние кои можат да се прилагодат на промените. Ниту малку за безгрижност…

Да се обидеме да раздвоиме некои слики од политичкиот мозаик кој треба да објасни како фашизмот толку лесно доаѓа на власт, за потоа многу тешко да се искоренува. Па гледаме и после еден век. Најпрво факт е дека Мусолини, како и неговиот помоќен, но помлад собрат Адолф Хитлер, низ историска ретроспектива го даваат привидот на леснотијата на покорување.

Универзитетскиот професорот по општа историја на БУ од Белград, Милан Ристовиќ тврди дека аналитиката покажала дека Маршот на Рим би се сопрел со само еден вод на вооружени војници од некоја римска касарна. Тој вод со само еден плотун во воздух би ги растурил неколкуте илјади собрани луѓе, качени на велосипеди и слабо вооружени, во црни кошули, дојдени од разни краишта на Апенините. Никој не издал таква наредба, иако дел од парламентарните партии ја барале таа интервенција од кралот, тврдејќи дека се работи за пуч, што секако веднаш не води кон заклучокот дека некој едноставно сакал овие маргиналци да застанат на чело на државата.

На првите избори во 1919 година Мусолини не собрал ниту пет илјади гласови! Резултатот наречен кралски мандат за состав на влада во период од само три години е резултат на фактот дека со нечија невидлива рака таа безначајност може да прескокне многу бариери – финансиски и медиумски, пред сѐ. Во 1921 година таа маскирана поддршка направила партијата да скокне на 100 илјади гласачи, поголем дел подготвени да облечат партиски униформи и да станат „скадристи“, подготвени секаде да го следат својот нов водач. Во време на преземањето на власта Мусолини веќе собрал 300 илјади членови.

Одбележување на маршот во Рим во 1932 година

Што заклучуваме од ова до сега? Па, како прво, дека не смеат да се потценат ниту најмалите партии, кои кај нас обично се нарекуваат „пајтон дружини“ во нивната амбиција,. Потоа, како второ, на ова се надоврзува сознанието дека фашизмот е инволвиран во некоја поголема лабораторија, некаков пра-Вухан (го користиме ова име заради асоцијативност, без други претензии кои и онака би биле мисинг контекст) од страна на моќници кои мислеле дека што е партијата која е избрана како „бело глувче“ – поминијатирана, потоа таа, по еднократно искористување, полесно би се контролирала, што во историјата на фашизмот секогаш била голема илузија!

И за почеток, да забележиме дека покрај поддршката на длабоката држава, овие партиички морале да добијат грб (или раме) на некој постар и помоќен брат, со кого потоа, со времето, тие со него ќе ја ротираат својата позиција: токму помоќниот ќе падне на коленици, носејќи го кон пиедесталот дотогаш послабиот .

„Мусолини влезе во парламентот како претставник на десницата од т.н. ’национален блок’ на премиерот Џовани Џочити, искусен и вешт политички мешетар и водач на либералите, кој се плашел од левицата а оценил дека ќе успее лесно да ја ’неутрализира’ крајната десница’. Тоа бргу се покажало како уште една од погрешните, поточно фатални политички калкулациии на традиционалните политички елити“ – пишува споменатиот погоре Ристовиќ.

За да заокружиме со првичните споредби на тема фашизмот некогаш и денес да кажеме дека Дуче од почетокот бил социјалист, дури и главен уредник на весникот „Унита“, но бил исфрлен од партијата која била анти-милитаристичка, кога тој ја поддржал власта во нејзините воени операции во текот на Првата светска војна.

Појавата на базното фашистичко движење во Италија ( Partito Nazionale Fascista, PNF) и оваа што сега дојде на власт во Рим на редовни парламентарни избори (партијата на Ѓорѓа Мелони за која дел од западните теоретичари сметаат дека не е неофашист, туку постфашист -e во разочараноста кај западните сојузници.

Фашизмот настана во време кога Италија не го доби она што сојузниците од Антантата и го ветија претходно, како, на пример, окупација на спротивниот брег на Јадранот на Париската мировна конференција; додека сега, во современа Италија постои силно незадоволство од недоволната солидарност на ЕУ во однос на миграциските бранови од Африка, што се сериозни дестабилизатори за Рим, потоа кај совладувањето на короната, која најсилно ја погоди токму оваа земја; но постои и незадоволство со надворешната политика на ЕУ во војната во Украина, не толку кај Мелони и нејзината партија Fratelli d’Italia, колку кај нејзиниот коалиционен партнер Берлускони од Форца Италија кој е отворен навивач за Путин и неговите политики.

Симпатиите на актуелната премиерка Mелони кон Мусолини не се криеле никогаш

Тука наоѓаме и уште една важна сличност со добата на доаѓањето на Мусолини на власт. Имено и Дуче и Мелони мораа да влезат во коалиција со други партии за да ја освојат власта. Мелони дури побара поддршка освен од Берлускони и од Матео Салвини (Лига), за да обезбеди парламентарна стабилност. Колку се тие блиски говори фактот дека ним им требале 11 минути да се согласат за коалиционо врзување!

Јасно е и дека без поддршката на т.н. индустриски барони во Милано на Апенините не се можни крупни политички промени.

Во идеолошка смисла фашизмот значи враќање во минатото, барање потпора од стари, некогаш и заборавени митови. Мусолини се враќаше кон симболите на античкиот Рим и неговата седумвековната надмоќ на Медитеранот (самото користење на зборот fascio, потоа поздравот со дигната рака под агол од 45 степени и друго), од страна на Мелани и нејзината политичка дружина се компензира со врски со традицијата, со религијата, семејството, отворената војна со LGBT заедницата, работи кои наидуваат на позитивни реакции меѓу гласачите кои сметаат дека нивните традиции, што требаа инаку да се грижа на демохристијаните, во политичката прагматика на Апенините во последно време не се случуваат; па Мелани им ја понуди својата програма.

И како што обично бива – на изборите победуваат парите на сокриените могули и гласовите на сиромасите!

За нас секако е важно да се запрашаме – дали врз основа на погоре кажаното можете да извлечете како читатели некои поуки од наше тло, па и со оваа асоцијација: дека фашизмот го водат превртени социјалисти или лица кои себе се сметале од почетокот за левичари?

Всушност, и кај нас десницата (во поширока смисла) за да дојде на власт коалицираше, но не со други десничарски партии, туку со политичкиот центар (Демократска алтернатива) или со левицата (НСДП на Петковски), инаку одбегнувајќи ги џуџестите партии од својата страна на улицата. Би рекле за среќа, или барем во претходните периоди, иако сега на два пати имавме случаи на крадење на печати од помали политички партии и претворање на истите во сојузници на десницата, со надеж дека истите лесно ќе се контролираат.

Ние ја имаме и сериозната превртливост на помалите партии со подолг парламентарен стаж, но со минијатурен формат, кои сепак знаат во клучни моменти, како оние сега, да фрлаат ишарети кон своите наводни политички опоненти, како би можеле во иднина лесно да го користат сопствениот идеолошки семафор со вградена честа промена на боите.

Јасно е како ден дека и тука, како веројатно во Италија (Берлускони) и во Франција (Ле Пен) руското влијание да е многу силно, дури и преку други линкови (одредени политичари во Унгарија и Словенија) кои ја создаваат атмосферата на континуирана политичка нестабилност кај нас. Во таа атмосфера го имавме јакнењето на култот на наводниот водач, политичката корупција од страна на крупниот капитал, недемократски размислувања, блокади на клучни институции неопходни за демократскиот поредок (Парламентот, Уставниот суд, неказнивоста на членовите на некои партии и генерално неефикасното правосудство и слично). Тука е и неизбежното враќање во античките времиња – дочекано практично без отпор во академската заедница и медиумите, но и поблиското, но проблематично примање на минатото (колнење на верност над кама и пиштол, враќање кон религијата на оние кои и не знаат да се прекрстат како што треба) …

Ваквите појави не нудат пријатни асоцијации со некои катастрофални историски појави.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ