Пратеникот Артан Груби вчера од собраниската говорница упати порака до Зиадин Села, Лидерот на Алијанската за Албанците.
„Каде бевте во 2001 год. кога ние се боревме за правата на Албанците. Никаде ве немаше, вие сте обични кукавици. Имавте една можност да покажете храброст, но и таа ви пропадна. Ве истепаа, во ова Собрание, зашто сте кукавица, затоа што ги оставивте на цедило вашите луѓе. Затоа ќотекот го изедовте. Во ова Собрание имаме скандалозна опозиција, која зборува на празно, без никакви дела. Вие можеби имате некои поддржувачи, но завршено е времето на Византија и Рим да ве потсетам, ќе дојде време кога ќе ви откажат Рим, Белград, Истанбул… Џабе ви е тоа. Народот го поддржува и препознава ДУИ, како единствена опција која граѓаните ги води напред“, изјави вчера во Собранието пратеникот Груби, како одговор на изјавата на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, дека дека ако полицијата продолжи да приведува лица за цртaње графити, дека тој лично со спреј на главата на претседателот нa Сoбранието ќе напише „доле ДУИ“.












