• Latest

Царовска: На нашите сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи прв пат по многу години им обезбедуваме достоинствен живот

September 1, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: На нашите сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи прв пат по многу години им обезбедуваме достоинствен живот

September 1, 2019 14:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјални политики, Мила Царовска, која важи за една од најдобрите во Владата предводена од СДСМ, денеска одржа прес конференција. Министерката што води еден од најтешките и најделикатните ресори, во која граѓанките и граѓаните ја изразуваат својата доверба, без оглед на својата политичка или друга припадност, за јавноста направи пресек на проектите и реформите во нејзиниот ресор. Пренесуваме поголем дел од нејзиното денешно излагање.

„Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека навистина води грижа за сите граѓани на Република Северна Македонија, посебно за најранливите. Покажа дека зборот важи“ – рече Царовска на почетокот од своето излагање.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/747982545651574/?v=747982545651574

„Денеска сум тука да направам пресек на проектите и реформите кои ги спроведува министертсвото со коешто раководам, а од кои директно корист имаат 300.000 граѓани. Ќе зборувам исклучиво за мерки и реформи со кои директно ги враќаме парите од буџетот кај граѓаните, ја намалуваме нееднаквоста и ги помагаме оние на кој им е најмногу потребна финансиска помош.

На нашите сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи за прв пат после многу години им обезбедуваме достоинствен живот.

Навистина ми е драго што со посветена работа Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа.

Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќна сум што веќе го исполнивме. Резлутаотот од реформата е многуи значаен – 30.000 домаќинства или околу 120.000 граѓани, веќе три месеци, земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ако претходно за основните социјални трансфери се издвојуваа околу 100 милиони денари месечно , сега кај граѓаните враќаме двојно повеќе и вкупната исплата за ГМП и детски и образовен додаток за август изнесуваше околу 200 милиони денари.

Би сакала да издвојам неколку податоци и резултати после првите три месеци од спроведување на реформата. Само за три месеци, детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца што е за три пати повеќе, а образовниот 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно. До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.

Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд. Ова е многу важно за мене како министерка и за нас како Влада. Цврсто сме решени да ја намалиме сиромаштијата и да помогнеме за секое дете да има еднаква шанса да успее во животот.

После долги години го враќаме достоинството и на воспитувачите и на социјалните работници. 1.170  вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен, за што се обезбедени дополнителни 8 милиони денари месечно. Со ова конечно тие ќе добијат достоинствени примања, но и поголема мотивација да работат и напредуваат. Со социјалната реформа, социјалните работници излегуваат од позади бироата и излегуваат на терен директно да работат со граѓаните. Тие се столбот на реформата и директно одговорни за поддршка на примателите и нивно вадење од длабока сиромаштија.

Обезбедивме историски највисоко покачување за 3.138 негуватели и воспитувачи во градинките. Тие сега земаат плата во просек за 3.000 денари повисока од претходно односно добија покачување за 16%, за што се обезбедени 13 милиони денари месечно. Дополнително зголемување од 5% ги очекува и со септемвриската плата која ќе се исплати во октомври и со тоа вкупниот пораст на плати ќе биде 21%.

Даваме шанса и на постарите коишто останале без стаж за пензионирање, а го граделе нашето општество. За овие граѓани ја воведовме социјалната пензија во висина од 6.000 денари и првите над 200 уплати се веќе реализирани. Центрите за социјални работи тековно работат на разгледување и одобрување на околу 4.000 барања коишто пристигнаа до нив согласно новиот Закон за социјална сигурност на стари лица.

Владата предводена од СДСМ не се откажува ниту од зголемувањето на минималната плата. Минималната плата достигна 12.507 денари. Уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори, вклучително и кај одделите производство на текстил, облека и кожа, каде минималната плата беше околу 8. 000 денари. Благодарение на ова решение, 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4.000 денари месечно. Во моментот се прават последните пресметки за ново законско решение со кое платите ќе продолжат да растат.

Министерката Мила Царовска доаѓа од невладиниот сектор и секогаш е отворена за соработка. Од конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2019“, одржана во февруари, 2019 / фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Ние имавме слух да излеземе во пресрет и на стечајците кои со години по улиците ја бараа својата правда. Со нови законски измени обесштетени се околу 11.000 стечајци, кои долго време беа оставени без никаков надоместок. Тие секој месец до нивно пензионирање ќе добиваат надометок од околу 8.200 денари со што се исправаат големи неправди наследени од претходната власт.

Само за исплатата во јули годинава државата за оваа намена издвои приближно 1,3 милиони евра – пари директно вратени кај граѓаните. Очекувам во скоро време да имаме законски измени со коишто материјално ќе обезбедиме и уште 1.000 стечајци со што вкупната бројка ќе биде 12.000.

СДСМ вети и се заложи да се бори против сиромаштијата, големата нееднаквост во општеството и да води политики со кои ќе ги враќа парите кај граѓаните. Политики со кои ќе им се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна и на оние кои со години беа заборавени на маргините на општеството. Во овие три години, преку низа на реформи од кои само дел споменав денеска, СДСМ докажа дека она што го ветува и го реализира.

Докажавме дека сите политики, мерки и реформи се во насока за праведно распределување на буџетот и поддршка на сите граѓани. Во периодот кој следи, продолжуваме уште посилно и поодлучно да работиме во оваа насока.“

Мила Царовска / фотографија: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Прашања и одговори на прес конференцијата:

П1: Во градинката во Чаир има групи кадешто одат по 30 деца во една паралелка, дали е планирано да се зголеми бројот на паралелки и бројот на негувателки?

– Она коешто го наследивме е недостаток на инфраструктурен капацитет за предучилишно образование и детска заштита. Токму затоа како министерство инвестираме многу. Вие знаете дека во изминатиот период се отворија низа на градинки, посебно во помалите места, но исто така да напоменам дека во Општина Чаир се прават последните завршни фази на проектното решение за изградба на нова градинка. Со тоа ќе се намали притисокот за примање на деца во постоечкиот капацитет, затоа што вие може да вработите уште воспитувачки но сепак просторните капацитети се многу важни за да се растеретат групите, и јас сум сигурна дека во многу скоро време ќе поче инвестицијата во општина Чаир.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1121592344717151/

П2: Каде точно се планира да се гради?

– Тоа е во градското подрачје, така да локациски јас не можам да прецизирам каде во населбата, но тоа си е уредено во урбанистичкиот план, проектното решение е во министерството, архитектите се во конечна фаза на чистење на сите позиции и со тоа ќе се влезе во инвестиција.

П3: Има датум кога тоа би се отпочнало?

– Јас сум сигурна или крајот на годината или почетокот на наредната ќе почне изградбата на градинката затоа што речиси сме готови со завршните фази на сите аспекти.

П4: Во однос на вашиот ресор податоците покажуваат дека е релативно слаба реализацијата на инвестиции, на што се должи, и што планирате да превземете?

– Морам да напоменам дека ние како министерство минатата година имавме реализација на капиталните инвестиции од 91%, но самата динамика согласно планот за јавни набавки којшто е јавно достапен на сите, најголемата реализација во второто полугодие. Тоа е поради тоа што планот за јавни набавки се носи во февруари месец, тендерирањето или градежната сезона почнува после март месец и целото тоа си е во динамика, така што до крајот на декември се што е планирано во планот за јавни набавки, ќе се реализира. Тоа се гледа во кое било и планирање и реализација кое што го следиме на дневно ниво.

П5: Од позиција потпретседател на СДСМ ќе ве прашам, како напредуваат преговорите за Законот за Јавно Обвинителство, има ли се уште оптимизам со оглед од брифингот од премиерот дека нема да се оди со план Б, дека ќе се оди со разговори, во каков статус се моментално овие разговори?

– Сметам дека она што е создадено како капацитет во СЈО сигурно дека мора да опстои во нашата држава, поради тоа што без правна држава, без системи коишто се соодветни за заштита на граѓаните и заштита од криминал, не можеме да одиме напред. Сигурна сум дека преговарачката група и премиерот ќе изнајдат решение коешто е најдобро за сите со цел да може да опстојат капацитетите што се создадени.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share93Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ