• Latest

11 март: СЗО прогласи пандемија на КОВИД – 19, препораки за почитување на мерките за заштита

March 11, 2020
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат 83% стапка на смртност на цивили во Газа

August 22, 2025
Фото: Скриншот

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

ЦУК: Осум активни пожари низ државата

August 22, 2025
Фото: Тулси Габард / Х

Шефицата на разузнавањето на Трамп наредила прекин на споделувањето разузнавачки информации за мировните преговори меѓу Русија и Украина со сојузниците 

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

August 22, 2025

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

11 март: СЗО прогласи пандемија на КОВИД – 19, препораки за почитување на мерките за заштита

March 11, 2020 18:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Светската здравствена организација прогласи пандемија на КОВИД – 19

Глобалното проширување на корона вирусот сега го достигна нивото на пандемија, изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адамном Габриесус. Ширењето на вирусот на сите континенти е причината за ваквата одлука на Светската здравствена организација.

Во Македонија денеска изолирани уште два случаи на пациенти позитивни на тестот за КОВИД – 19. Двајцата пациенти се од Дебар и биле во контакт со претходните тројца заболени од истиот град.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ – БОГОЕВСКИ: Нашето судство е извор на мноштво системски злодела

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Објавени кандидатските листи, роковите течат, короната стоо…

Неизвесно е како мерките за спречување на корона вирусот во земјата, но и во државите од Европа ќе се одразат на планираните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. За утре е закажана лидерска средба на премиерот и лидерите на најголемите политички партии, од која треба да се очекуваат следните чекори. Во меѓувреме течат роковите за изборите предвидени од Државната изборна комисија.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

ЦИВИЛ ја поздравува иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција за парламентарно и уставно судско преиспитување на оправданоста на одредени законски решенија за привилегиите на поранешните претседатели, која беше ставена на дневен ред на денешната седница на Уставниот суд. Одлучувањето по оваа иницијатива е одложено поради отсуство на дел од уставните судии.

*

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на вчерашната седница за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус). Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

„Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува. Истите ќе треба да се достават до Секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата“, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

*

Народниот правобранител во врска со настанатата ситуација и потребата од превенција за спречување на ширење на заразата со таканаречениот коронавирус (Ковид 19), им препорачува на граѓаните во наредните две недели (до 25 март) потребите за личен контакт и разговор со вработени во институцијата Нарoден правобранител заради заштита на уставните и законските права, како и поднесувањето на писмените претставки во канцеларијата во Скопје, но и во шесте подрачни канцеларии – Штип, Кичево, Тетово, Куманово, Струмица и Битола да ги сведат на минимум, односно да ги вршат телефонски, или по пат на електронска пошта.

*

Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19, ја известува јавноста дека во периодот додека траат мерките за спречување на ширењето на вирусот, нема да врши прием на странки во просториите на Државната комисија.

Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека сите поднесоци до архивата на Државната комисија, странките можат да ги достават по пошта или преку службената електронска пошта на институцијата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска ја одржа панел дискусијата „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ на која говореа Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперковски.

Слободан Богоевски зборуваше за тоа како стигнавме до тука и како ни се случи режимот.

„Ние чекор по чекор градевме скриена држава паралелно со државата. Таа овозможи луѓето кои се на власт да не одговараат за било какви постапки кои ги прават. Судија или обвинител не може да одговара за одлуките кои ги донесува. Неконтролираната власт ја воздигнавме како врховен принцип. Тоа овозможи таква комоција што целокупниот систем се покажа како пропаднат концепт. Ваков концепт на положба на судството нема никаде во Европа затоа што им овозможува на политичките елити да си креира свои обвинители и свои судии. Тоа ни се случи во времето на Груевски. Таа фамилија прво ја киднапираше партијата ВМРО ДПМНЕ а потоа ја киднапираше и државата“, изјави Богоевски.

„Интервјуто и го препратив на ќерка ми, на синовите не да го препратив, бидејќи рекоа не можат да го гледаат, но, на ќерка ми да, 16 годишна… женска солидарност. Таа ми рече дека интервјуто е многу добро, но, дека не сака луѓето да ја жалат. Не сакам ни јас, дека ова ќе го зборувам многу пати и не затоа бидејќи е моја желба и потреба, туку бидејќи сметам дека е моја должност, да потсетам на тоа што се случуваше, да не се случи повторно, да не биде така лесно да се игра со цели семејства“, истакна Емел Рамковска панелот „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ.

„Режимот удри на сите, почна со докторите затоа што тие како фела се прилично самостојни. Затоа што во светот секаде се ценети и затоа што тие се чувствуваат посигурни затоа што можат да најдат работа некаде во светот. Апсењето беше за да се уплаши докторската фела и да се направи маркетинг на самата партија на власт во тоа време. Но, истовремено, и за да се заташкаат некои други збиднувања. На пример, нашето апсење се случи два дена по интепелацијата на тогашниот министер Михајло Маневски“, истакна Пиперковски.

*

Голем национален семинар на ЦИВИЛ за граѓанско новинарство и мониторинг

На 21 март (сабота) во Скопје, хотел Континентал, ЦИВИЛ организира голем семинар за граѓанско новинарство и мониторинг на национално ниво. Семинарот е посветен на спроведувањето на транспарентни и одговорни политички процеси со посебен акцент на мониторингот на државните институции за спроведување на предвремените парламентарни избори во земјата, како и сите учесници во процесот.

Овој семинар е одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат да соработуваат со ЦИВИЛ во изборниот мониторинг или во други проекти на ЦИВИЛ.

  ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани граѓан(к)и од целата земја. Поради новата методологија, ЦИВИЛ ќе ги земе предвид и апликациите на оние граѓанки и граѓани кои претходно учествувале на некој од семинарите на ЦИВИЛ, но предност ќе имаат тие што за прв пат се пријавуваат на овој семинар. Патните трошоци ги покрива организацијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„И двајцата лидери на најголемите партии во Македонија ќе нема, отпосле, на што да се жалат: Заев „на терен“ истрчува со својата најсилна постава од најблиските, докажани соработници, со кои делеше добро и зло во последните пет-шест години; а на Мицкоски мора да му се симне „капата долу“, бидејќи на изборите излегува со „својот тим“ лојални првоборци, речиси сосема исчистен од „талогот“ на компромитираните изборни кадри на Груевски“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „ Изборни листи: Квадратурата на кругот е решена!“

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ