• Latest

Богоевски: Нашето судство е извор на мноштво системски злодела

March 11, 2020
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Богоевски: Нашето судство е извор на мноштво системски злодела

March 11, 2020 13:08
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободан Богоевски една од жртвите на режимот, кој на оваа држава и помогна да биде она што е денеска, а заврши како осуден, зад решетки, на панелот на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ зборуваше за тоа како стигнавме до тука и како ни се случи режимот.

„Кога доаѓав ми беше тешко да дојдам затоа што секое присетување на режимот е навистина мачно. Долго време размислував што е тоа што го овозможи тоа зло во нашата земја?

Покрај ваквите трибини и емисии на кои редовно учествуваме, ние снимивме една документарна серија со 11 епизоди. Јас како човек кој 90% од луѓето ги знам или ги запознав лично, не можев една епизода да изгледам до крај. Не можете да замислите дека во 21 век на Балканот се случуваат такви работи!“, рече Богоевски.

Тој зборуваше за личност осудена на доживотен затвор, која веќе 9 година лежи во затвор и нема начин како да му се помогне.

„Тоа е затоа што нашето судство е извор на мноштво системски злодела“, смета Богоевски.

„Станавме бесчувствителни на злоделата кои се случуваат пред и околу нас. Сметам дека ние од 90та година кога го започнавме процесот на осамостојување длабоко веруваме дека ќе направиме едно пристојно место за живеење. Ни во најцрните соништа не верував дека Македонија ќе дојде на ова дереџе“, вели тој.

Богоевски смета дека клучниот проблем е во политичките елити и скриената држава која ја претставуваат. „Ние чекор по чекор градевме скриена држава паралелно со државата. Таа овозможи луѓето кои се на власт да не одговараат за било какви постапки кои ги прават. Судија или обвинител не може да одговара за одлуките кои ги донесува. Неконтролираната власт ја воздигнавме како врховен принцип. Тоа овозможи таква комоција што целокупниот систем се покажа како пропаднат концепт. Ваков концепт на положба на судството нема никаде во Европа затоа што им овозможува на политичките елити да си креира свои обвинители и свои судии. Тоа ни се случи во времето на Груевски. Таа фамилија прво ја киднапираше партијата ВМРО ДПМНЕ а потоа ја киднапираше и државата“, смета Богоевски.

Тој вели дека реформите во државата и системот се невозможни без отворање на Уставот, но не на етнички теми, туку да се отворат темите за владеењето на правото.

„Ако едно општество нема чувство за правда и така брзо ги забораваме сите дела што ги направиле и жртвите кои ги произвеле не гледам просперитет“, вели Богоевски.

„Главната парола на Шарената револуција беше ‘нема правда нема мир’. Вклучи толку многу луѓе, затоа што чувството за правда не е прашање на свеста туку е составен дел на човековото битие ако го немаме тоа чувство и механизми тогаш се друго е измама. Оние кои масовно произведоа жртви се уште не одговараат за таквите постапки“, истакна тој.

„Општествената рехабилитација на жртвите и нивните семејства, од кои за жал многу и починаа, имаме растурени семејства, малолетни деца без родители, е наша должност. Нам ни е сеедно дали е Груевски избеган или е тука, јас би сакал да е тука и да му се суди“, вели Богоевски.

„Како режимот ги бираше овие жртви? Се почнувало и завршувало во кабинетот на Мијалков и Груевски. Една УБК целосно била ставена надвор од законот, не е само масовното следење на комуникациите тоа е само еден сегмент. Пред секои избори, започнува состанокот во кабинетот на Груевски каде се реферира кого се уапсиле изминатата недела кој подоцна им дава задачи и барања за колку денови може да се притвори некој и за какво дело колкава казна може да се даде. Тие сведоштва изгледаат неверојатно. Сите овие луѓе и сите пресуди се донесени во кабинетот на Мијалков и сите се завршени онака како што било наредено. Не ни требаат теоретски расправи за ова“, дециден е тој.

Богоевски смета дека е важно да знаеме каде одиме, дали имаме некоја цел или само ќе се обидуваме да преживееме во борбата за власт?

„Последната резолуција која ја поднесовме до Собранието во која бараме да се осудат сите злосторства и чинители од 91 до денес, да се изградат системски и законски механизми за да се оневозможи сето ова, ако таа резолуција не ја направиме ние никогаш нема да имаме одговорност. Овие луѓе нема никогаш да им ги заборават злоделата кои им се направени на овие жртви“, заклучи Богоевски.

М. Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ