• Latest

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026 17:51
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. Лариса Дир
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Како што е познато, Хашката конвенција за заштита на културните добра во случај на вооружен конфликт од 1954 година (и протоколите кон неа) претставува прв универзален меѓународен договор чија цел е да обезбеди заштита на културното наследство во случај на вооружен конфликт.

Исто така е познато дека веќе петта година по ред Руската Федерација грубо ги крши нормите на меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, што сведочи не само за правен, туку и за духовен нихилизам.

Руската агресивна војна го уништува културното наследство на Украина во размери невидени од времето на Втората светска војна. Намерното уништување на украинската култура, наследство и идентитет од страна на Русија претставува една од нејзините главни цели.

До почетокот на мај 2026 година, од почетокот на целосната воена инвазија на Руската Федерација врз Украина, беа оштетени или уништени 1.783 објекти на културното наследство и 2.540 објекти на културната инфраструктура.

За време на ноќниот руски напад врз Кијив на 15 јуни 2026 година беше оштетен Националниот резерват „Кијево-Печерска лавра“, кој е впишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Дејствијата на руската армија претставуваат културен геноцид врз украинскиот народ. Руската Федерација не се воздржува ниту од уништување на верски објекти во Украина – оштетени се околу 800, а приближно 200 цркви се целосно уништени.

Поради руската воена агресија, Украина изгуби приближно 7 милиони културни вредности; околу 35,5 илјади музејски предмети беа украдени од страна на Русите од државните музеи што се наоѓаа под привремена руска окупација.

Како тогаш да се постапува со одредбите од Хашката конвенција од 1954 година, која предвидува дека: „Високите договорни страни се обврзуваат да ги почитуваат културните добра што се наоѓаат на нивната сопствена територија, како и на територијата на другите Високи договорни страни, воздржувајќи се од каква било употреба на тие добра, нивната непосредна околина или средствата што се користат за нивна заштита за цели што би можеле да доведат до нивно уништување или оштетување во случај на вооружен конфликт, како и воздржувајќи се од какви било непријателски дејствија насочени против таквите добра“?

Одговорот на Руската Федерација постои – раководството на кремљ веќе петта година по ред докажува дека агресијата, човекомразието, чувството на празнина, дезориентацијата и кризата се сосема прифатливи составни делови на човечкото постоење во „руски мир“ и дека со задоволство ќе го споделат – ако не „мирот“, тогаш неговите урнатини.

Покрај одредбите што се применуваат во време на мир, Хашката конвенција се применува „во сите случаи на објавена војна или кој било друг вооружен конфликт што може да настане меѓу две или повеќе Високи договорни страни, дури и ако една од нив не ја признава состојбата на војна“ – но што ако државата-агресор не ја признава Повелбата на Обединетите нации, а истовремено го зазема местото на постојана членка на Советот за безбедност, фалсификувајќи го тоа право?!

Хашката конвенција и протоколите кон неа предвидуваат санкции и кривична одговорност. Покрај тоа, Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, меѓу другото, како воено злосторство го квалификува намерното насочување напади врз објекти наменети за верски, образовни, уметнички, научни или добротворни цели, историски споменици, болници и места каде што се згрижени болни и ранети лица.

Санкции постојат. Злосторник постои. Одговорност нема. Засега.

Во меѓувреме, како одговор на огромните разурнувања предизвикани од руската агресија, Украина, заедно со меѓународните партнери, меѓу другото, го создаде Украинскиот фонд за културно наследство, чија мисија е мобилизирање на меѓународни и национални ресурси за заштита, обнова и развој на украинското културно наследство.

 


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Дозволено е преземање со атрибуција и линк до изворот: CC BY 4.0


Фото извор: Амбасада на Украина во РСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ