• Latest

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

Зад флоскулите за „нова енергија“ се крие влада без капацитет за суштински реформи, која својот политички опстанок го темели врз подгревање етнички тензии и свесно одржување на државата во европската чекална.

July 1, 2026 09:30
in АНАЛИЗИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала
Во соработка со Редакција на ЦИВИЛ МЕДИА и Неформалната дебатна група за општествени и политички прашања при ЦИВИЛ

По месеци најави и политички тактизирања, Христијан Мицкоски ја претстави владината реконструкција пред јавноста. Иако спакувана во реторика за „нова енергија“, понудените решенија јасно покажуваат дека станува збор за реконструкција со незначителен или целосно отсутен потенцијал за суштински реформи.

Прочитајте и: „Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата“, ЦИВИЛ МЕДИА, 1 јули 2026.

Ова е само нова шминка на старото лице на власта, површен политички маневар кој служи за купување време, додека државата останува длабоко заглавена во сопствените противречности и целосно блокирана на нејзиниот европски пат.

Кадровска шминка и политичка математика

Клучниот аргумент против тезата за реформски импулс се самите предлози. Ротирањето или унапредувањето на досегашни функционери козметичко „мешање на шпилот“ само го задржуваат статус квото. Коалициските партнери, особено „Вреди“ и „ЗНАМ“, ги задржуваат или само благо ги прераспределуваат своите ресорски феуди. Два потези се добра илустрација за површноста на реконструкцијата.

Укинувањето на функцијата вицепремиер за добро владеење, иако изгледа како потег за рационализација, всушност, претставува дополнителна централизација на моќта, односно префрлање на нов лост на контролата директно во кабинетот на премиерот.

Влезот на Демократската партија на Турците (ДПТ) е класична математика за обезбедување имиџ, без суштинска придобивка за граѓаните воопшто или за турската заедница во земјата.

Овие примери се само илустрација за површноста на реконструкцијата. Еден премиер добива само една шанса да направи добра прва реконструкција на владата. Мицкоски ја пропушти.

Национализмот како параван за неспособноста и евтина инвестиција

Додека јавноста се занимава со кадровски рокади, Владата континуирано го користи таргетираниот национализам како димна завеса за прикривање на отсуството на реформи. Оваа стратегија функционира преку две оски, анти-бугарска и анти-албанска.

Кон надвор, дипломатијата е заменета со дефанзивно-агресивен наратив. Секој повик за спроведување на уставните измени се етикетира како „бугарски диктат“, а фокусот намерно се префрла на историјата и провокациите од маргиналци. Со ова, Владата ја одржува состојбата на „опколен сопственик“, со дефокусирање од колапсот во судството, инфраструктурата и економијата.

Во доменот на анти-албанските политики, реториката е спакувана во концептот за „враќање на државата на Македонците“. Укинувањето на „Балансерот“ се прослави како победа над „албанските уцени“, додека коалицијата Влен (Вреди) се држи на маргините на моќта, служејќи само како декор за „мултиетнички карактер на власта“, без реална моќ. Истовремено, конфронтацијата со ДУИ свесно се користи за подгревање меѓуетнички тензии како политичко гориво. Национализмот отсекогаш бил најевтината инвестиција со највисок политички профит.

Прочитајте и: „Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава“, ЦИВИЛ МЕДИА, 21 јуни 2026.

Европската блокада

Овој изолационизам под превезот на „патриотска гордост“ директно го замрзнува патот кон Европската Унија. Владата свесно го одржува застојот преку неколку тактики.

Барањето уставните измени да важат „со одложено дејство“, по зачленувањето во ЕУ, концепт отфрлен од Брисел. Тоа јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Без барање решение во рамките на усвоената европска рамка, нема шанси за напредок.

Инсистирањето на апсолутни писмени гаранции дека нема да има нови бугарски барања е дипломатска илузија во Унија каде се одлучува со консензус.

Обидите проблемот повторно да се сведе на директни преговори со Софија (наместо со Брисел) завршуваат со очекувани одбивања.

Власта го знае сето тоа и не презема ништо за да го промени, со што дава јасен сигнал дека ЕУ агендата на земјата е отворена само толку колку да се извлечат милиони од Планот за раст на Западен Балкан, но не и суштинско приближување кон членството.

Економската цена на застојот

Оваа опасна игра на контролирана парализа носи политички профит за власта, но директна и висока економска цена за државата.

Без отворени поглавја, државата останува отсечена од клучните кохезиони фондови за инфраструктура, а средствата од Планот за раст се под постојан ризик од суспензија.

Блокираниот пат испраќа сигнал за нестабилност, поради што капиталот ги одминува нашите граници и заминува кон држави со јасна ЕУ перспектива.

Отсуството на надеж ја демотивира стручната работна сила, создавајќи колапс во бизнис-секторот, здравството и пензискиот систем.

Кредитните агенции го казнуваат застојот во реформите, што значи повисоки камати за државните кредити кои ги плаќаат граѓаните.

Домашните компании остануваат надвор од Единствениот европски пазар и ја губат својата конкурентност.

Накратко, Мицкоски се одлучи за шминкање на статус квото. Државата останува заложник на политика која повеќе инвестира во етнички тензии и партиски пресметки отколку во изградба на европска иднина. Ова не е реконструкција за напредок, туку прераспоредување на истите фигури на шаховска табла која одамна не води никаде.

 


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

Tags: владаМицкоскиреконструкција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ