• Latest

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

Омразата не е вродена – таа е системски дизајнирана, политички спонзорирана и дебело наплатена врз грбот на граѓанките и граѓаните.

June 21, 2026 13:04
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Општеството во Северна Македонија со децении живее во една опасна илузија. На хартија, пред претставниците на меѓународната заедница и во бледите партиски изјави и декларации, се говори за „успешна мултиетничка приказна“. Но доволен е само еден поглед зад тенката проевропска фасада, за да се види една сосема поинаква реалност. Институциите, образованието и политичкиот систем се длабоко сегрегирани, а системската дискриминација е дел од мрачното секојдневие на луѓето чиј идентитет и припадност се тежок товар што се приморани да го носат 24 часа на ден, цел живот, со генерации.

Оваа состојба не е последица на некаква вродена омраза меѓу граѓаните. Како што би рекол големиот Нелсон Мандела – „Никој не е роден со омраза кон другиот заради бојата на кожата, неговата припадност или религија. Луѓето мораат да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, може да се научат да сакаат, затоа што е природно во човечкото срце попрво да дојде љубовта, отколку нејзината спротивност“.

Во случајот со ова балканско општество (не е единственото), животот и политиката застануваат кај – луѓето мораат да научат да мразат. Етничката дискриминација е директен производ на системската хипокризија на „умерените“ и „демократските“ политички елити, што е главно погонско гориво за токсичниот национализам.

Политички кукавичлук и академизирање на реалноста

Хипокризијата започнува со јазикот што го користат политичарите. Со цел да се избегне соочувањето со реалните проблеми на мултикултурното и мултиетничкото општество, политичкиот естаблишмент – вклучително и проевропската опозиција – се крие зад стерилни, академизирани термини како „интеркултурализам“. Ова лингвистичко бегство не е ништо освен политички кукавичлук. Се избегнува суштинскиот дијалог за системските решенија поврзани со албанската заедница и спроведувањето на обврските на државата што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, Уставот и меѓународното право. Истото важи и за сегрегацијата и системската маргинализација на помалубројните заедници (Ромите, Турците, Бошњаците и другите). Се прави сѐ за да не се наруши комфорната зона во која со генерации опстојуваат политичките, академските и бизнис (олигархиски) елити.

И опозицијата, која за себе сака да каже дека е проевропска и прогресивна, често остава огромен програмски вакуум на оваа тема. Стравувајќи дека отворената антинационалистичка реторика ќе им донесе загуба на етничките македонски гласови, тие калкулантски молчат пред клучните прашања од оваа сфера. Истата дијагноза може (и мора) да се постави и за граѓанското општество (најчесто финансирано од Запад), академијата, експертите, интелектуалците и – неизоставно – медиумите. Но, тој конформистички молк има висока цена. Кога граѓанските сили и прогресивната опозиција ќе го напуштат теренот на кој се дебатира и се носат конкретни решенија за меѓуетничките односи, етно-националистите излегуваат на бришан простор.

Во тој вакуум, авторитарната, националистичка и антизападна идеолошко-политичка матрица на власта не само што има лесна задача, туку целосно ѝ се одврзуваат рацете да ја користи етничката поделба како главен лост за заробување на државата. Без вистински отпор, власта лесно и непречено ја спроведува својата радикална агенда, претворајќи ја земјата во заложник на сопствениот политички опстанок.

Уставните измени: Човековите права како „национално предавство“

И да не го заборавиме „слонот во собата“. Системската хипокризија многу лесно се разоткрива и во односот кон преговарачката рамка со ЕУ и обврската за уставни измени.

Вметнувањето на Бугарите и другите заедници во Уставот е, во својата суштина, прашање на почитување на фундаменталните човекови права и логична надградба на мултиетничкиот карактер на општеството. Но, наместо да се третира како цивилизациски исчекор и врвна европска вредност, овој процес свесно се спинува и се портретира како „национално предавство“ и закана за идентитетот, гордоста, достоинството… И од сите страни доаѓаат разно-разни „позиции“ и „црвени линии“.

Политичките елити – власта преку агресивна националистичка пропаганда, а опозицијата преку дефанзивни варијанти на „црвените линии“ и „национална гордост“ – целосно ја избришаа димензијата на човековите права од јавниот дискурс. Со тоа, тие само докажуваат дека правата на етничките заедници за нив не претставуваат демократски стандард, туку исклучиво монета за поткусурување и собирање евтини политички поени.

Бинационален пазар наместо интеграција

За актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери – меѓу кои системски се вклучени, но суштински маргинализирани албанските политички субјекти – мултиетничноста е сведена на вулгарен политички пазар. Системот е перфидно трансформиран во бинационален модел за поделба на институционалниот плен. Во тој пазар, Албанците се претвораат во послушна гласачка маса на која, парче по парче, ѝ се одземаат основните права, додека регионите со доминантно албанско население се систематски запоставувани, оставени да тонат во сиромаштија и инфраструктурен хаос.

За власта, токсичниот и неретко насилен национализам не претставува инцидент, туку разработен бизнис-модел и најефикасна алатка за одржување на заробената држава. Преку континуирано подгревање на меѓуетничките тензии, јавноста вешто се дефокусира од галопирачката корупција, економското пропаѓање и бруталната партизација на институциите на сите нивоа. Неказнето. Па дури и невидливо – прикриено со агресивна медиумска манипулација и пропаганда.

Откако ќе се воспостави овој систем на неказнивост, дискриминацијата неминовно се прелева и врз етничките Македонци, претворајќи ги во жртви на сопствената „патриотска“ елита. Во тој системски мелник, помалите етнички заедници се наоѓаат во најтешка положба – целосно невидливи и згмечени меѓу чеканот и наковалната на двата доминантни етно-политички блока.

Хипокризијата овде го достигнува својот апсолутен врв. Додека лидерите на големите парламентарни партии декларативно рецитираат флоскули за европски стандарди, нивните пропагандни мегафони на терен агресивно шират говор на омраза. Во меѓувреме, институциите тивко, но ефикасно го сегрегираат општеството – почнувајќи од поделените училишни објекти, па сѐ до јавниот простор и културниот живот.

Инкубатор за хибридни закани

Токсичниот национализам – било да е отворен, прикриен или премолчан – домашните политичари го одржуваат свесно, по превисока цена што носи сериозни геополитички последици. Во својата долгогодишна работа, мониторинг и анализи, тимовите и соработниците на ЦИВИЛ, постојано укажуваат дека токму оваа етничка дистанца и внатрешна поларизација ја создаваат најплодната почва за странските хибридни операции.

Кога општеството е длабоко фрагментирано, граѓанките и граѓаните не само што ја губат меѓусебната доверба, туку почнуваат отворено да се мразат. Тоа е идеален терен за центрите на моќ кои водат когнитивна војна, како во земјата, така и против демократијата во целост. Платформите на „Српскиот свет“ и руската пропаганда овде имаат застрашувачки лесна задача – со минимален напор успеваат да го парализираат секој обид за европска интеграција, мир, стабилност и просперитет.

Како што имам напишано многупати досега – национализмот е најевтиното и најефикасното оружје за одржување на Северна Македонија во состојба на перманентна нестабилност и изолација.

Заложбата за Европската Унија е невозможна и лажна без бескомпромисна, недвосмислена и јавно артикулирана борба за заштита на мултиетничкото општество и искоренување на дискриминацијата.

Илузијата мора да биде разбиена. Политиката на калкулантско молчење од една страна, и профитерскиот национализам од друга, ја водат државата во амбис. Нема европска иднина додека политичките елити не соберат храброст да се соочат со системската сегрегација и додека не разберат дека мултиетничкото општество не е политичка фраза за умилкување пред амбасадорите, туку клучниот услов за опстанок на државата.


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ