Неизвесна судбината на СЈО
Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отворија. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицковски не успеаја да најдат решение за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.
Заев: Разочаран сум од исходот на средбата, груевизам до доцна во ноќта
Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите, вака премиерот Зоран Заев го оцени исходот од синоќешната лидерска средба и единствениот услов, кој, како што рече, го поставил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски: Заев сака амнестија, можеби имаме нови „бомби“
Власта сака Законот за јавно обвинителство да ги опфати нелегално снимените разговори од 2008 до 2015 година, а ние велиме да важи без рок. Можеби ние имаме материјали од сега, нелегално снимени, кои можат да бидат индиции за сторен криминал. Зошто да го ограничиме новиот обвинител, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата за последната, безуспешна, лидерска средба за иднината на СЈО и неговите случаи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Османи: Разликите за Законот за јавно обвинителство не се непремостливи
Заев: Доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ, виновници ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Прибе: Услов за владеење на правото се независни политичари
Од следниот месец лекови ќе се подигаат со рецепт и лична карта или пасош
Според Нацрт-законот работодавачите ќе добиваат за покачување на плати од 600 до 6.000 денари
Пратениците го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Катица Јанева
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Работилница на ЦИВИЛ за „Зелена иднина“ во Велес
ЦИВИЛ организира работилница со наслов “Зелена иднина“, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, која ќе се одржи утре, во општинската сала во Велес, со почеток во 13 часот.
МИСЛА
Има ли Мицкоски план Б?
СЈО е мртво? Што значи тоа? Дека и мисијата на СЈО е мртва? Да, би била бездруго мртва, ако престанат истрагите и ако се отфрлат обвиненијата. Јасно како ден. Затоа, Мицкоски мора да ја води битката во име на тие што го поставија на таа позиција. Должник им е. Затоа што, ако има правда, еден ден таа можеби ќе тропне и на неговата (енергетска) врата. Тој е лично мотивиран да нема правда, да нема СЈО, а во Јавното обвинителство да се постави некој од типот на Марко Зврлевски, на пример. Потребни им се луѓе во судството, во Врховниот суд, во Апелација, во Обвинителство, Уставен, Управен, им требаат сите луѓе што можат да ги имаат во МВР…, пишува Џабир Дерала, во својот Рафал.
Д. Муратов