Капацитетот на инфективната клиника е пополнет 25% (110 кревети), Воената болница е спремна за примање пациенти, со 400 кревети. И во болницата 8 Септември има отворен капацитет, којшто е целосно изолиран од останатиот дел, брифираат од влада.
Присуството на вирусот може да се открие пет до шест дена по контакт со заразено лице. Луѓето не даваат вистински податоци и не се придржуваат кон самоизолација, беше заклучено. Се очекува пикот во нашата земја да биде на крај на април, а нашата крива во споредба со други земји во Европа е многу поблага.
За време на вонредната состојба, соработката со медиумите е клучна.
Во светот со дилеми и различни пристапи за тоа дали е потребно масовно тестирање или не.