• Latest

14 април низ вековите

April 14, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

14 април низ вековите

April 14, 2018 07:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска е Ден на Царинската служба на Република Македонија. Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник на 14 април 1994 година.

1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја открил тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објаснил промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го открил сателитот на Сатурн, Титан и точно го одредил траењето на неговата револуција. Хајгенс ги пронашол законите на судирањето на телата, го поставил законот за центрифугална сила и го објаснил начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).

1849.- На иницијатива на водачот на Унгарската револуција Лајош Кошут, унгарското Народно собрание во Дебреч ја прогласило независноста на Унгарија од Австрија, со симнување на Хабзбуршката династија, и се изјаснило за република.

1865.- Американскиот претседател Абрахам Линколн бил смртно ранет во атентат, неколку дена по завршувањето на четиригодишната Американска граѓанска војна со пораз на јужните држави во Конфедерацијата. Врз него во ложа на вашингтонскиот театар „Форд Театар“ пукал Џон Бут, наводно умно пореметен актер, поддржувач на поразените јужњаци. Линколн следното утро им подлегнал на повредите.

1904.- Роден е англискиот актер Џон Артур Гилгуд, британски толкувач на ликовите во пиесите на Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд и Ноел Кауард. Филмови: „Таен агент“, „Премиер“, „Артур“ (Оскар), „Јулиј Цезар“, „Патот околу светот за 80 дена“.

1912. – Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.

1914.- Умрел американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот, правец кој подоцна го развил Вилијамс Џејмс. Тој верувал дека идеите најдобро можат да бидат испитани со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Неговите влијателни „Собрани списи“ се објавени постхумно.

1917.- Умрел полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објавил во 1887 година под псевдонимот д-р Есперанто (тој кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во широка употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважен и најраспространет од сите вештачки јазици.

1930.- Рускиот писател Владимир Владимирович Мајаковски, втемелувач на рускиот футуризам извршил самоубиство. Збирки песни и поеми: „Јас!, Владимир Мајаковски“, „Облак во панталони“, „Војната и светот“, „Човек“, „Се што напишал Владимир Мајаковски“, „150.000.000“, „Мајаковски се насмевнува“, „Мајаковски се кара“, „Песни за револуција“, „За тоа“, „Владимир Илич Ленин“, „Добро!“, како и драмата „Студен туш“.

1945.- Американското воено воздухопловство во Втората светска војна во текот на бомбардирањето на Токио ја погодило и палатата на јапонскиот цар.

1986.- Во Париз умрела Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф. Таа е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Меѓу нив се истакнуваат романите „Мандарини“, „Другиот пол“ и мемоарите „Спомените на добро воспитаната девојка“. Родена била во Париз, на 9 јануари 1908 година.

1991.- Во Гевгелија умрел Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напишал и околу 8.000 афоризми. Роден бил во Гевгелија, на 5 октомври 1926 година.

1992.- Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.

1995.- Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи.

1997.- Во Скопје умрел Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се „Развигорче“, „Ајдучка чешма“, „Белото циганче“, „Весела азбука“ и „Чисти раце“. Роден бил во селото Колешино, Струмичко, на 8 јуни 1934 година.

1999.- Пакистан, три дена по сличен експеримент што го извршила Индија, успешно испробала балистичка ракета со дострел од 2.000 километри, способна да носи нуклеарни проектили.

2000.- Во Скопје умрел Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден бил во 1931 година.

2000.- Руската државна Дума по една година одложување го ратификувала Договорот Старт-2 за намалување на нуклеарното вооружување.

2007.- Најмалку 37 луѓе загинале, а 50 биле ранети во експлозија на автомобил-бомба на автобуска станица во ирачкиот шиитски град Карбала. Нападот се случил на околу 200 метри од светилиштето Имам Хусеин, каде бил погребен внукот на пророкот Мухамед (едно од најважните свети места за шиитите). Карбала се наоѓа 80 километри јужно од Багдад.

2008.- Умрел Оли Џонсон, творец на Бамби, еден од најголемите аниматори на сите времиња и последен припадник на легендарната прва генерација на цртачи во компанијата „Волт Дизни“. Учествувал во анимацијата и реализацијата на класичните цртани филмови како што се „Снежана и седумте џуџиња“, „Пинокио“, „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Сто и еден далматинец“, „Алиса во земјата на чудата“, „Книга за џунглата“.


Извор: МИА

Tags: 14 априлвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ