• Latest

15 јуни низ вековите

June 15, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

15 јуни низ вековите

June 15, 2018 07:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

215.– Англискиот крал Џон ја потпишал Големата повелба на слободата (Магна карта либертатум) со која на големците им се гарантирале поголеми слободи.

1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и државник, го докажал односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден бил пронајден громобранот.

1843.– Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки композитор, пијанист и диригент. Во своите музички остварувања користел елементи на националниот фолклор и со нив норвешката музика добила целосна афирмација во светот. Умрел во Берген, на 4 септември 1907 година.

1873.– Германскиот археолог-аматер Харнјих Шлиман, во Мала Азија, ги открил крепостите на Троја, древниот Пријамов град, познат од Хомеровите епови.

1882. – Во Кратово е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станал еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. Во 1900 година успешно матурирал во Солунската гимназија. Истовремено им се приклучил на Гемиџиите. Бил задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција била успешно извршена, при што бродот бил запален, а сите патници биле спасени. Бил уапсен и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година бил осуден на смртна казна. Исчекувајќи го трите години за извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара. Во 1908 година, по Младотурската револуција, добил амнестија и повторно дошол во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминал во Брисел, каде студирал право. Во текот на Првата светска војна бил мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се вратил во Македонија и се вклучил во политичкиот живот на македонската република извршувајќи највисоки раководни должности. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанал на страната на советската партија. На 16 јуни 1949 година Шатев бил уапсен „како непријател на државата“ и набрзо му бил одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје бил задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што бил испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен бил од контакти со надворешни лица и држен во тешки услови. Набрзо се разболел и бидејќи не му било дозволено да се лекува, починал на 30 јануари 1951година. Властите не дозволувале да биде погребан во родното Кратово. Закопан бил на битолските гробишта.

1899.- Во Фуенте Вакерос е роден Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гранада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Извршил значително влијание врз развојот на европската поезија. Познати се неговите збирки песни: “Песни”, “Цигански романсеро”, “Поет во Њујорк” и драмите “Крвави свадби” и “Домот на Бернарда”. По трагичната смрт (го стрелале франкистите во првите денови на Граѓанската војна во Шпанија, во 1936 година), тој станал најчитан светски поет.

1919.– Во директен лет од Њу Фаундленд во Северна Америка до Ирска британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетале Атлантикот. Летот траел 10 часа и 12 минути.

1927.- Во Римини, Италија, е роден Хуго Прат, еден од најголемите стрип-автори во втората половина на 20. век. Умрел во Лозана, Швајцарија, во август 1995 година.

1967.- Жорж Помпиду бил избран за претседател на Франција.

1994.- Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија била прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи.

1994.- Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.

1996.- Во Беверли Хилс умрела Ела Фицџералд, американска џез-легенда, позната како дама на песната. Родена била во 1918 година.

1999.- Северна Кореја соопштила дека јужнокорејската воена морнарица потопила еден нејзин брод во севернокорејските водени територии на Жолто Море, обвинувајќи го Сеул за предизвикување на првиот поморски судир по завршувањето на Корејската војна во 1953 година со што провоцирала нова војна на поделениот полуостров.

2010.- Трагично настрадал Беким Фехмиу, актер кој во Југославија во 60-те и 70-те години од минатиот век стекнал голема популарност. Често играл и во европски продукции. Остварил околу 45 филмски и ТВ улоги. Ја објавил книгата спомени „Блескаво и страшно“.

(MIA)

Tags: на денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ