• Latest

17 август низ вековите

August 17, 2018

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ подготвува план за користење на 176 милијарди евра замрзнати руски средства за заем на Украина

October 22, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

17 август низ вековите

August 17, 2018 07:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

986.- Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпел пораз во борбата со војската на македонскиот цар Самуил кој продолжил со нови освојувања се до 991 година.

1593.- Турскиот султан Мурат Втори и објавил војна на Австрија која траела 14 години.

1878.- Во селото Ново Село, Штипско, е роден Славјеко Арсов, македонски револуционер и војвода во Битолскиот револуционерен округ, бил соработник на Гоце Делчев и учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, како и во Илинденското востание од 1903 година. На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, во борба против турската војска загинал на 22 јуни 1904 година.

1902.- Во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Во октомври 1990 година бил рехабилитиран.

1903.- Во месноста Бигла, близу до селото Арменско, Егејска Македонија, здружените лерински и костурски одреди на македонските востаници извојувале голема победа над турската војска и го десеткувале турскиот гарнизон. Својот бес по поразот непријателот го истурил врз Арменско. Селото било опожарено, а околу 130 жени, деца и старци биле убиени и масакрирани.

1943.- Во Штип, во борба против бугарската полиција, загинал Славчо Стојменски, народен херој. Роден бил во Штип, на 16 октомври 1921 година.

1943.- Роден е американскиот филмски актер Роберт Де Ниро, една од најголемите светски филмски ѕвезди од крајот на 20 век, добитник на Оскар за улогите во филмовите „Кум II“ и „Разбеснетиот бик“. Тој играше и во филмовите „Беше еднаш во Америка“, „Ловец на елени“, „Њујорк, Њујорк“ и други.

1976.- Во земјотрес на филипинскиот остров Минданао загинале околу 8.000 луѓе.

1987.- Германскиот воен злосторник Рудолф Хес, заменик на Адолф Хитлер, бил пронајден мртов откако се обесил со помош на електричен кабел во ќелијата во затворот „Шпандау“.

1993.- Во Санта Моника, Калифорнија, умрел Стјуарт Гренџер, англиски театарски и филмски актер, јунак во десетина авантуристички и романтични филмови, како што се „Скарамуш“, „Последното Сафари“, „Рудникот на кралот Соломон“ и други. Роден бил во Лондон, на 6 мај 1913 година.

1994.- Во Охрид почнал Првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури ’94“.

1995.- Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, како прилог на весникот „Вечер“, излегол првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија.

1999.- Во најтешката природна катастрофа во историјата на Турција, во земјотрес со епицентар кај градот Измир, на 150 километри западно од Истанбул, загинале повеќе од 30.000 луѓе.

2015.- На 78-годишна возраст во Загреб починал легендарниот хрватски пејач Арсен Дедиќ. Бил примен поради сепса на интензивна нега на Клиника во Загреб по нагласените компликации од вградувањето ендопротеза на колкот. Ќе остане запаметен по големиот број чудесни лирски шлагери со оригинална текстовна матрица. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ