• Latest

17 мај низ вековите

May 17, 2018

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

17 мај низ вековите

May 17, 2018 06:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Светски ден на телекомуникациите. Во Париз, во 1865 година за првпат била формирана организацијата која подоцна прераснала во Меѓународен сојуз за телекомуникации.

1395.- Крали Марко, според доста сиромашните историски податоци, загинал како турски вазил во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче. По погубувањето на неговиот татко во 1371 година во битката против Турците кај реката Марица, продолжил да владее со областите околу Призрен, Скопје и Прилеп. Епската поезија го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност и како заштитник на послабите. Тој е еден од најчесто опеаните личности во македонските народните песни.

1510.- Умрел италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој работел религиозни и алегориски композиции, посебно бил познат по ликовите на Богородица со малиот Христос. Дела: „Поклонување на кралевите“, „Пролет“, „Раѓањето на Венера“, илустрации за „Боженствената комедија“ на Данте Алигиери.

1749.- Роден е англискиот лекар Едвард Џенџер, пронаоѓач на вакцината против големите сипаници, втемелувач на модерната имунологија. Неговата вакцина набрзо била прифатена во целиот свет како сигурна заштита од смртоносните големи сипаници.

1809.- Францускиот цар Наполеон Први издал декрет со кој присвоил папски територии.

1838.- Умрел францускиот политичар Талеран (Шарл Морис де Талеран Перигор), човекот чие име станало синоним за бескрупулозност. Бил дипломат, претседател на влада и амбасадор во Лондон.

1866.- Умрел францускиот композитор Ерик Сати, противник на импресионизмот и поборник за специфичниот упростен музички израз. Дела: балетот „Природа“, клавирските композиции „Ладни парчиња“, „Исушени ембриони“, „Три парчиња во облик на круша“.

1911.- Родена е американската филмска актерка од ирско потекло Морин О`Саливен, позната по улогите на Џејн, партнерката на Тарзан. Филмови: „Тарзан и неговата другарка“, „Тарзан и неговиот син“, „Најголемата авантура на Тарзан“, „Тарзан во Њујорк“, „Висок човек“, „Дејвид Коперфилд“, „Ана Каренина“, „Браќата Маркс на трки“, „Кардиналот Ришеље“.

1935.- Умрел францускиот композитор Пол Дика, професор на Парискиот конзерваториум. Дела: „Ученик на волшебникот“, „Пери“.

1951.- Основана била Матицата на иселениците од Македонија.

1957.- Египет им забранил на израелските трговски бродови премин преку Суетскиот канал.

1965.- Меѓу САД и Велика Британија бил извршен првиот трансатлантски ТВ-пренос на програма во боја. Американскиот комерцијален телекомуникациски сателит „Ели бирд“ ја пренесувал емисијата на американската ТВ-мрежа NBC „Новиот поглед на старата Англија“.

1974.- Во три експлозии на автомобили-бомби во центарот на Даблин загинале 32 лица.

1995.- На претседателските избори во Франција победил Жак Ширак.

2007.- Владата на Дубаи го наградила со 13.600 долари 63-годишниот Пакистанец Мохамад Назјер, градинар, затоа што никогаш, во текот на 28-годишната работа, не задоцнил на работа. Наградата била во висина на 49 негови едномесечни плати.

2007.- Со свечено потпишување на Актот за канонски врски меѓу Московската патријаршија и Руската црква во дијаспората завршил повеќедеценискиот раскол во Руската православна црква.

2009.- Објавени биле резултатите од парламентарните избори во Кувајт врз основа на кои за првпат во историјата на таа земја, меѓу 50-те пратеници се наоѓаат и четири жени. На жените во Кувајт во 2005 година им било дадено правото да гласаат и да бидат избирани.

2009.- Умрел Марио Бенедети, уругвајски книжевник и еден од најголемите латиноамерикански писатели. Автор е на повеќе од 80 збирки песни, новели, есеи и театарски пиеси. Станал познат по романот „Одмор“ во 1960 година. Романот бил преведен на 19 јазици. (МИА)

Tags: 17 Мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ