Заканите се широко распространети и нескриени, бидејќи агресорите не се само анонимни тролови. Тие се членови на ноторни националистички политички партии, високи функционери во политичките партии на опозицијата, припадници на полицијата и високо организирани групи на партиски тролови. Ние во ЦИВИЛ идентификувавме неколку групи кои управуваат со десетици анонимни профили на социјални мрежи и шират дезинформации и говор на омраза, во секое време до денот и ноќта.
Пропагандните центри прават сè за да ги омаловажат и дискредитираат поединците и организациите кои работат на промовирање на европските вредности, антинационализмот, правдата, еднаквоста и човековите права. Мојата работа е во директна спротивност на сè што тие претставуваат. Тоа е причината за оваа огромна повеќегодишна мрачна кампања против оние што се залагаат за човековите права.
– цитат од колумната „Антизападни пропагандни центри против граѓанското општество во Северна Македонија: Случајот на ЦИВИЛ“ од Џабир Дерала, објавена во ЦИВИЛ МЕДИА на 3 мај 2021 година.
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.