• Latest

18 години за Чавков

March 15, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 години за Чавков

March 15, 2019 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15 годин, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 18 години, Оливер Поповски 13 години, Мунир Пепиќ 15 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор Југ 12 години, Александар Василевски-Нинџа 8 години, Никола Митревски-Кољо 15 години, Младен Додевски 12 години, Горанче Ангеловски 12 години, Влатко Трајковски 15 години и Вилијам Михајловски 14 години. Ова се казните што ги изрече судијката Добрила Кацарска на обвинетите за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните од 27 април во Собранието на Македонија.

Судијката Добрила Кацарска на почетокот ги спомена амнестиите и посочи дека сега им суди на 18 лица.

Кацарака го спомена и Никола Груевски за доказот односно пораката што тој ја добил од Чавков, а му била препретена на Вељаноски. Според судијката, обвинетите Чавков, Лазаров и Пешов не преземаат ништо за да го спречат влегувањето на масата народ во Собранието.

„Парламентот е место каде се води дискусија и со текот на времето ја добива функцијата на претставничко тело на граѓаните. Власта е во рацете на народот, но народот нема право да управува туку преку избраните претставници. Затоа ‘крвавиот четврток‘ не требаше да се случи. Презентирани беа повеќе снимки како докази на ОЈО и насилниот упад се гледа од сите нив. Но, сведоци бевме дека толпата не застана, туку тепаше и новинари и пратеници. Овде го видовме и срамното однесување на полицијата која немо набљудуваше. Дел од нив од досада седеа на фотељите и пиеја вода. Имаше и лица задолжени да ја водат масата кон пратениците. За жал меѓу нив беше и Горан Ѓошевски Леви заедно со Никола Митревски Кољо“, образложи судијката Кацарска пред пресудата.

Кацарска ја спомена и комуникацијата со пораки помеѓу Агим Нухиу и Митко Чавков како носител на златна команда во која комуницираат за состојбата на 27 април и на крајот Чавков е известен од Нухиу за состојбата, но не одговорил. Чавков бил известен, а не преземал дејствија, и бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа произлегува и од вербалните и од материјалните докази, додаде Кацарска и дополни дека полицијата со пасивното однесување придонесе за загрозување на животите на пратениците и новинарите.

„Дурловски ја пеел химната, бил во Собранието на 27 април, но не презема никакви дејствија“, додаде Кацарска. Тој е ослободен од обвинението.

М. И.

 

Share55TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ