18-годишно момче загина, а четири лица се повредени како последица на руски напад врз областа Днипропетровск, пренесува Укринформ.
„Руските терористи убија18 годишно момче. Тој се здоби со повреди во непријателски напад врз заедницата Межове во областа Синелникове. Лекарите се обидоа да го спасат момчето… тие направија се што можеа…“ Серхиј Лисак, шеф на Регионална воена управа, стои во објавата на Телеграм.
Повредени се четири лица. Меѓу нив има и девојче кое има само 2 години. Сега детето е во стабилна состојба и ќе добива амбулантско лекување.
М. П.












