• Latest

Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

September 22, 2021
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

September 22, 2021 15:29
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации.  ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три  да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран пристап во борба против пандемијата и заштита на здравјето на населението. Ниту една држава не планира укинување на имунизацијата, туку, напротив, повикува на што помасовна имунизација, така што невистинитите наводи во постот можат да ги доведат во заблуда граѓаните и да им наштетат на нивното здравје, анализира Вистиномер.  

Рецензирана објава на Фејсбук во која се изнесени бројни дезинформации и недоследности поврзани со вакцините и терапиите за лечење на ковид-19. Постот, со наслов „СЕПАК СВЕТЛО НА КРАЈОТ НА ТУНЕЛОТ !“, шири невистини дека вакцините наскоро ќе бидат забранети, посочува „спасоносен лек“, но и упатува на теории на заговор без никакви докази и факти, со што ја доведува во заблуда јавноста, што, пак, може да има штетни последици врз здравјето на луѓето и процесот на имунизација.

На почетокот на објавата се вели:

Од 20 октомври 2021 вакцините нема веќе да бидат потребни и задолжителни, ова е потврдена информација. ЕУ дозволи 5 терапии за лечење на Ковид, кои ќе бидат на располагање во сите болници  за лечење на САРС Ковид. Вакцините биле дозволени само како „привремено експериментално средство“ .

Ова тврдење воопшто не е точно.

Вакцините не се задолжителни, иако се повеќе држави вакцинацијата ја поставуваат како услов за работа, особено во здравствените установи, пристап до угостителски и други затворени објекти, што е дел од стратегијата за спречување на пандемијата и намалување на бројот на заболени.

Авторот шири невистини и дека вакцините веќе нема да бидат потребни, зашто се пронајдени 5 терапии за лечење и вели дека тоа е потврдена информација, но никаде не го наведува изворот со кој ќе ја поткрепи неговата изјава.

Вистина е дека ЕУ работи на Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, која веќе дава почетни резултати, но досега не е одобрен ниту еден фармаколошки производ за лечење на коронавирусот. На интернет страницата на Европската комисија е претставено првото портфолио од 5 терапевтски препарати (еден имуносупресив и 4 моноклонски антитела), кои наскоро би можеле да бидат достапни за лечење на болните, но ЕМА се уште спроведува постепена евалуација за нивниот квалитет, безбедност и сигурност.

Постоечките ветувачки лекови, кај кои би можело како нова индикација да се додаде и лекување на ковид-19 се:

  • имуносупресивот baricitinib за кој се вршат проценки на  барањето за проширување на одобрението за ставање во промет со опфаќање и на лекување на ковид-19
  • комбинација на bamlanivimab  и etesevimab -комбинација на casirivimab and imdevimab-regdanvimab-sotrovimab

Но, сите овие терапевтски препарати сè уште се во фаза на разгледување, а Стратегијата  има за цел  три нови терапии да бидат достапни до октомври 2021 година и евентуално уште две до крајот на годината, така што во тврдењето на авторот недостасува контекст.

Денес го правиме првиот чекор кон широко портфолио на терапевтски лекови за лекување на ковид-19. Додека вакцинацијата напредува со зголемена брзина, вирусот нема да исчезне и на пациентите ќе им требаат безбедни и ефективни третмани за да го намалат товарот од ковид-19, вели комесарот за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес.

Стратегијата, која се фокусира на третманот на пациенти со ковид-19, е дел од Европската здравствена унија и ја надополнува и се применува координирано со, како што е наведено, успешната Стратегијата за вакцини на ЕУ, преку која безбедни и ефикасни вакцини  се овластени за употреба во ЕУ за спречување и намалување на преносот на случаи, како  и на стапките на хоспитализација и смртни случаи предизвикани од болеста.

Ова значи дека евентуалните нови терапии во никој случај не ги исклучуваат вакцините, ниту, пак, тие ќе бидат забранети, како што тврди авторот на постот, кој не прави разлика помеѓу терапија на заболените од коронавирус и заштита на населението од заболување од овој вирус преку имунизација. Стратегиите се комплементарни една со друга и имат за цел  координиран пристап за подобра заштита на здравјето на  граѓаните, подобро спречување и справување со идните пандемии и подобрување на отпорноста на здравствените системи во Европа.

„Вистиномер“, пак, досега повеќе пати пишуваше дека вакцините не се експериментални и дека ги имаат поминато сите фази на клиничко испитување, а вакцината „Фајзер“ веќе доби и одобрение за целосна употреба од FDA. Истовремено, СЗО континуирано спроведува евалуациски процес за сите одобрени и достапни вакцини, кои од страна на експертите се оценети како „неверојатно ефикасни“ и покрај стравувањата дека имунитетот може да се намали со текот на времето, за што повеќе можете да прочитате овде.

Невистинито и небулозно е и тврдењето во објавата дека „со стапување во сила на употребата на терапиите со лекот Ивермектин престанува и се забранува секакво вакцинирање“.

Сега ви е јасно зошто се врши ваков притисок врз луѓето затоа што сите држави се договориле дека септември е клучен за да ги распродадат однапред купените залихи. Заначи парите се мотивот. Морате да бидете трпеливи и да не дозволувате никаков притисок и уцени. Лекот Ивермектин е дозволен и тестиран во Инстититот  Пастер во Франција и неговата ефикасност е призната.  Кај некои луѓе само една терапија ќе биде доволна да ги неутрализира сите генетски материјали  од ковидот. Макроновата влада ова го знаела однапред, но информацијата истекла меѓу луѓето и затоа французите се најагилни во борбата со полицијата, стои подолу во постот.

Лекот Ивермектин воопшто не е меѓу терапиите, кои се дел од Стратегијата за терапевтски пристап против ковид-19.  Тој е анти-паразитски агенс со широк спектар, вклучен во листата на основни лекови на СЗО за неколку паразитски заболувања. Но, тековните докази за негова употреба во лекување на пациенти со ковид-19 се неубедливи, а група експерти, која ги прегледала збирните податоци од 16 рандомизирани контролирани испитувања заклучува дека подобрувањето кај пациентите се со „многу мала сигурност“. СЗО, ЕМА и други научни студии, врз основа на нивните истражувања (овде, овде , овде) препорачуваат лекот да се користи само во клинички испитувања.

Институтот Луј Пастер, пак, забележува дека ивермектинот влијае на намалено воспаление во респираторниот тракт и ублажување на симптомите, но резултатите не покажуваат никакво влијание врз вирусната репликација на САРС-КоВ-2, односно лицата што добиле третман имале слични количества на вирусно оптоварување во носната шуплина и белите дробови како оние што не биле третирани со овој лек.

Ова само потврдува дека Ивермектинот не е „магичниот лек“, заради кој државите спроведуваат теорија на заговор за да ги потрошат сите залихи на вакцини месецов, затоа што е пронајдена „спасоносна терапија против ковид-19“.

Од сето ова може да заклучиме дека објавата е полна со дезинформации, невистини и лаги. Ивермектинот е ефикасен лек за одредени заболувања, но не е „спасоносен“ против ковид-19, ниту е на листата на нови терапевтски препарати против оваа болест. Најмалку, пак, неговата ефикасност е причина вакцините да бидат забранети. Европските и светски организации и понатаму укажуваат на големата ефикасност на вакцинацијата и водат кампањи за имунизација на населението, како единствен релевантен одговор засега за спречување на пандемијата и тешките и смртни последици од вирусот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ