• Latest

2 октомври: Меѓународен ден на ненасилство, Финска со поддршка на РСМ за влез во ЕУ, очекуваната посета на Помпео, протест на полицијата…

October 2, 2019

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

2 октомври: Меѓународен ден на ненасилство, Финска со поддршка на РСМ за влез во ЕУ, очекуваната посета на Помпео, протест на полицијата…

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ: Се постапува за дивоградбите во Охрид, се бара регистар и за Струга, одлуките за амбасадите ги носи Владата, втор регионален семинар на ЦИВИЛ за транспарентни и одговорни политики

October 2, 2019 16:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев – Хависто: Силна поддршка за проширувањето на ЕУ и за позитивна одлука во октомври

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, на која била изразена поддршка за проширувањето на ЕУ, како и силна поддршка од Финска, којашто претседава со Европскиот совет за позитивна одлука во октомври на Самитот на Унијата, од кој нашата земја очекува датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

На состанокот е констатиран прогрес во областа на владеењето на правото во нашата земја и е изразена поддршка тој процес да продолжи. Хависто истакнал дека Финска има големо почитување кон Договорот во Преспа, како решение на билатерално прашање постигнато на мирен начин.

Премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, се заблагодарил за пријателството и искрената поддршка од Финска на Република Северна Македонија и на евроинтеграциските процеси, посебно во периодот на очекуваната важна одлука за нашата држава.

Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот, оценка на Пендаровски и Ѓукановиќ

Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот во која се вклучени и Северна Македонија и Црна Гора претставува враќање на голема врата на САД во регионот, оценија на денешната прес-конференција во Скопје  претседателите на двете држави Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ.

Според Пендаровски, посетата е добра од повеќе аспекти имајќи предвид дека последна посета на вака високо политичко ниво се случи во 2001 година од страна на тогашниот државен секретар Колин Пауел.

Се постапува за дивоградбите во Охрид, се бара регистар и за Струга

Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека се што побарале од УНЕСКО оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека со јасна динамика и зацртан план Општина Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, каде учествуваше на 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори.

Според него, градежните инспектори ќе го кажат крајниот збор за дивоградбите во Струга, каде не е почнато уривање. Како што вели, треба да се направи регистар на дивоградби врз основа на кој ќе се постапува.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Пендаровски: Одлуките за амбасадите ги носи Владата, беше одговорот на претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање за надлежностите за отоврање или затворање на Дипломатско конзулатските преставништва,   на заедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска за судии на Управниот суд ги избра поранешен претседател на Државна изборна комисија,  Александар Чичаковски и кандидатката од Академија за судии и јавни обвинители, Елеонора Хамулиќ Ајро.

Независниот синдикат на полицијата преку протести побара повисоки плати за 25% и Колективен договор за шумската полиција

Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со  Еуромакс рисурсис за рудникот „Иловица“ и за неа ќе следи владина процедура, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ на меѓународниот ден на ненасилството порача:  На насилството да одговориме со активно учество во промовирање на мирот, слободата и толеранцијата.

ЦИВИЛ денеска одржа и инфо-штанд за Зелена иднина во центарот на Скопје за промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

По првиот успешен регионален семинар за транспарентни и одговорни политички процеси кој се одржа во Штип, ЦИВИЛ го најавува вториот регионален семинар за Пелагонискиот регион. Семинарот ќе се одржи на 19 септември во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток од 10 часот. Право на учество имаат апликантите од општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени: АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

ЦИВИЛ во Прилеп го постави актуелното прашање што не очекува во догледна иднина, каква е таа црна или зелена, а во одговорите прилепчани беа разочарани и револтирани, не гледајќи никаква иднина и просперитет.

OJO одговори на прашањата на ЦИВИЛ за улогата на Орце Камчев во случајот „Рекет“,  поттикнати од колумна Зошто Орце Камчев не одговара за давање награда?, во рубриката МИСЛА, од 28 септември 2019 на ЦИВИЛ Медиа.  „Постапката (во случајот Рекет) продолжува во насока на обезбедување на докази и утврдување кое лице ги предало документите на обвинетиот новинар, доколку се идентификува ова лице и против него ќе биде поведена кривична постапка“, известија од ОЈО.

МИСЛА

Самитот на „Економист“ уште еднаш покажа во каква кочина живеевме 11 години. Навистина, каков остар контраст! До вчера имавме претседател што се појавуваше на интервјуа со гримаса што му го изобличуваше лицето, заканувајќи ѝ се на Германија и на Европа. Имавме премиер што им се закануваше со клоци на високи европски претставници и го испраќаше американскиот амбасадор дома. Имавме претседателка на собраниска комисија за односи меѓу заедниците што повикуваше на „ноќ на долгите ножеви“… Градоначалник што ќе го поправаше часовникот на Музејот на Град Скопје (железничка станица пред Земјотресот)… Ајде да го задржиме доброто расположение, па да не набројуваме повеќе, пишува Џабир Дерала.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ