• Latest

22 октомври: Соодветен термин за попис, инклузивно образование, надоместок за 1.000 стечајци, медумска писменост, „пржинска влада„ – апсурдна опција…“

October 22, 2019

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

22 октомври: Соодветен термин за попис, инклузивно образование, надоместок за 1.000 стечајци, медумска писменост, „пржинска влада„ – апсурдна опција…“

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ

October 22, 2019 17:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се бара соодветен термин за попис во 2020 година

Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина, но ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.

Пописот на населението беше најавен за април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април оваа операција не може да се одржи во првично предвидениот датум.

Прв состанок на работната група за изработка на Концепцијата за инклузивно образование

Работната група што треба да ја изработи Концепцијата за инклузивно образование, која произлезе од новиот Закон за основно образование, денеска ја одржа првата работна средба. На неа присуствуваа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставничката на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани, кои ја потенцираа важноста на инклузијата.

Законот за основно образование кој Собранието го изгласа во јули предвидува учениците со посебни потреби да се вклучат во редовното образование и од учебната 2022-2023 година посебните училишта повеќе да не запишуваат ученици. Тие ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри, кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

МОН: Околу 200 првачиња не следат настава зашто се невакцинирани

Денови на медиумска писменост 

Под мотото „Застани, размисли, провери!“ почнувајќи од денес, па се до 15 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Денови на медиумска писменост. На овој начин, земјава се вклучува во одбележување на осмата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Советот на етика во медиумите во рамките на Деновите на медиумска писменост, ќе организира отворена седница на Комисијата за жалби, која ќе се одржи на 25 октомври, со почеток од 11 часот, во просториите на ААВМУ, каде ќе се разгледуваат жалбите што стигнале до СЕММ, а ќе се дискутира и за начинот на поднесување жалби, работењето на Комисијата за жалби и најчестите предизвици со кои се соочува ова тело. На 29 октомври ќе организира и дебата на тема „Саморегулација во медиумите, состојби, предизвици и можности“, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во присуство на граѓани, претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и институциите.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека предвремените избори ќе влијаат на економијата, но најавува дека Влада ќе почне активно да работи на забрзување на реализацијата на проектите.

Сенатот на САД го ратификува Протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“

Еко Герила: Општините често не постапуваат по пријавите на граѓаните за еколошка несовесност

Нов закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата или „стечајци“ кој треба да овозможи право на надомест од државата да остварат уште околу 1.000 стечајни работници, разгледуваа денеска пратениците на пленарна седница.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ: Ако се неизбежни, предвремените избори треба да се одржат во декември, „пржинска“ влада е апсурдна опција

Дали се потребни предвремени парламентарни избори? Дали „брзи избори“ значат чекање од половина година? Со кои проблеми се соочува изборниот систем? Имаат ли институциите капацитет да спроведат квалитетен изборен процес, со максимално почитување на правото на глас? Има ли време да се направат измени во Изборниот законик со кои ќе се подобри изборниот процес? Кои се основните прашања во врска со финансирањето на политичките партии во изборен контекст? Колку е оправдана „Пржинска“ влада во овие услови?, беа прашањата што на денешната прес конференција за одлуката за предвремени парламентарни избори ЦИВИЛ даде одговор.

Бачовска: Исполитизираното општество и неказнивоста е причина за говорот на омраза!

„За едно високо исполитизирано општество како нашето, општество во транзиција кое е полно со проблеми од секаква природа, дали од економска, политичка, меѓуетнички тензии, може да кажеме дека дури и нормално е да има вакви појави како што се нетолеранција и говор на омраза. Ситуацијата е уште полоша кога во денешно време на социјалните мрежи секој може сè да каже без никаква одговорност“, вели професорката Јасна Бачовска Недиќ, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, каде има најчесто говор на омраза.

МИСЛА

Од корнер, Зоран Иванов: На апашите Макрон им создаде супер амбиент, на македонската правда и`направи супер вакуум.

Биљана Јордановска
во соработка со: Ангела Петровска, Дехран Муратов, Ариан Мехмети, Зоран Иванов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ