• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 8: Огромна помош за борба против КОВИД-19, Заев категоричен за платите, бескаматни кредити за стопанството…

March 26, 2020
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 8: Огромна помош за борба против КОВИД-19, Заев категоричен за платите, бескаматни кредити за стопанството…

March 26, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

„Следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на корона вирусот. Добивме одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини, кои ги очекуваме на почетокот на април, а следниве денови ќе добиеме дефинитивен одговор и од кинеската амбасада, од која побаравме донација пред неколку недели“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

*

Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Република Северна Македонија апелираат до фирмите коишто ја прибираат документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат. Во оваа прва фаза, директно ќе се кредитираат најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци.

*

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу 2.000 лица. Сепак, министерот за здравство Венко Филипче најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува. Анализата, како што посочи Филипче, би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.

*

Кратењето на платите на администрацијата не е добра вест, но тоа реалноста. Јас како претседател на СДСМ не се откажувам. И ние во партијата имаме различни мислења и тоа е легитимно. Но, дефинитивно, ако политичките партии  сакаат да бидат одговорни партии, како што се фалиме со добрите вести, така и неблагопријатните вести треба да им ги соопштуваат на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на Националниот телевизиски сервис.

*

Од денеска Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против корона вирусот. Имено, денеска Светската Здравствена Организација го потврди учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен третман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19.

*

Влада на РСМ на денешната 29 седница донесе одлуки за донаторската помош за справување со корона вирусот, лекот „хлорокин“ ставен на листата за укинување на царинската давачка, на дел од земјоделците се изземени од ограничувањето за движење за викенд деновите…

*

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја Кејт Мери Брнз, која на средбата ги пренесе честитките на нејзината земја за позитивната одлука на Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ и за скорешно добивање полноправно членство во НАТО.

*

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше телефонски разговор со италијанскиот МНР Луиџи Ди Мајо, на барање на италијанска страна. Ди Мајо му честиташе на Димитров за позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија, истакнувајќи дека и покрај тешките моменти во кои се наоѓа неговата земја, сака да им честита на македонските граѓани за овој долгоочекуван успех.

*

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, апелира да се применуваат препораките од специјалниот известувач на ОН за правата со лицата со попреченост, Каталина Девандас Агилар за заштита од Ковид -19.

Б. Јордановска

 

26 март, вонредна состојба, ден 8: Економска поддршка за фирмите, пријава за Чулев, нови заболени со корона вирус…

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ