Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, апелира да се применуваат препораките од специјалниот известувач на ОН за правата со лицата со попреченост, Каталина Девандас Агилар за заштита од Ковид -19.
Во продолжение на својата Фејсбук страна ги здружението ги пренесува сите нејзини препораки:
-Мерките за превенција, како што се социјалното дистанцирање и самоизолацијата, можат да бидат невозможни за оние на кои им е потребна поддршка од други лица при хранење, облекување и капење. Оваа поддршка е основа за нивното преживување и сите држави мора да преземат дополнителни мерки за социјална заштита за да гарантираат континуитет на поддршка на безбеден начин во текот на кризата.
-Разумните мерки за прилагодување се клучни за да им се овозможи на лицата со попреченост да ги намалат контактите и ризикот од инфекција. Треба да им се дозволи да работат од дома или платен одмор за да им се гарантира сигурен приход. Членовите на семејството и старателите исто така имаат потреба од разумна адаптација за поддршка на лицата со попреченост во овој период.
-Пристапот до дополнителна финансиска помош е од витално значење за намалување на ризикот од дополнителна ранливост или сиромаштија за лицата со попреченост и нивните семејства.
-Состојбата на лицата со попреченост во институциите, психијатриските установи и затворите е особено тешка, со оглед на високиот ризик од контаминација и недостаток од екстерен надзор, како и влошување на состојбата заради употреба на итни овластувања од здравствени причини. Ограничувањата мора внимателно да се мерат и да се користат најмалку наметливи мерки за заштита на јавното здравје. Ограничувањето на контакти со најблиските ги остава лицата со попреченост целосно незаштитени од какво било насилство или запоставување во институциите.
-Државите имаат зголемена одговорност кон оваа популација поради структурната дискриминација на која се изложени. Лицата со попреченост треба да бидат убедени дека нивниот опстанок е приоритет Државите да обезбедат јасни протоколи во случаи на загрозеност на јавното здравје за да се осигураат дека кога медицинските ресурси се во дефицит, пристапот до здравствена заштита, вклучително и мерките за заштита на животот, не се дискриминаторски кон лицата со попреченост.
-Кампањите за јавно информирање и информациите од националните власти во областа на здравството мораат да бидат обезбедени на знаковен јазик и на достапен начин, во пристапна форма и формат, вклучително и пристапни дигитални технологии, титл, релејни услуги (услуги што им овозможуваат на граѓаните со оштетен слух, говор или оштетен вид да комуницираат преку телефон користејќи тастатури или помошни технологии, на пример, пораки, на лесно разбирлив и едноставен јазик.
-Организациите за лицата со попреченост мораат да бидат консултирани и вклучени во сите фази на креирање на мерки за заштита од Ковид-19.