• Latest

24 ЧАСА: Членови на ДИК регираат на притисоци, Судскиот совет бара Мицкоски да не се меша во судската власт; Малта на прво, Русија на последно, Северна Македонија на 32 место за почитување и унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата

May 17, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Членови на ДИК регираат на притисоци, Судскиот совет бара Мицкоски да не се меша во судската власт; Малта на прво, Русија на последно, Северна Македонија на 32 место за почитување и унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата

May 17, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Реакции на дел од членовите на ДИК: Неприфатливи се нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури

„Со особена загриженост за настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК во врска со постапувањето по приговорите за парламентарните избори, Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК“, се вели вореакцијата на претседателот на ДИК, Александар Даштевски и на членовите на ДИК, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири.

ДИК ја известиле и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, Џилијан Стрик.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Во принцип во политиката секоја промена е добра бидејќи треба да донесе нешто ново. Тоа е една работа, а другата, колку што пратев, е оваа новата власт има многу големо мнозинство во собрание. Тоа е добар основ да се забрза европскиот пат и ќе биде полесно ако се продолжи европската политика, вели Милан Јазбец, поранешен словенечки амбасадор во Македонија во интервју за Цивил и Слободен печат.

Тој вели дека како поранешен амбасадор во Скопје имал можност да се среќава и со актуелната претседателка на државата и со идниот премиер и дека се познаваат добро.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Судската власт е самостојна и независна. Секое мешање во судството и во судската власт носи со себе сериозна опасност по демократијата, правната сигурност и владеењето на правото, велат од Судскиот совет на најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски дека нивна цел е да го распуштат Судскиот совет и самите судии и обвинители преку тајно гласање да ги избираат своите преставници во Советот.

ИНТЕГРАЦИИ Германското Министерство за надворешни работи на платформата „X“ нагласи дека сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и оти e важно земјата во моментов да продолжи со уставните измени.

ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕСТИМА Увид на сите предизвици за кинеско-македонските односи кои може да се појават во иднина, тешките политички одлуки кои можеби ќе треба да се донесат или на насоки во кои би можела да оди кинеската одмазда доколку се разгледа одреден момент го загрозува усогласувањето на Северна Македонија со „Западот“ и нејзините суштински интереси, пишува во анализата на Естима.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Малме повторно предизвика бура од реакции и говор на омраза насочена кон припадниците на ЛГБТ заедницата и нивните права, во што предничи Русија, следена од нејзините медиумски сателити.

*

Главното ракетно и артилериско складиште на рускиот воен аеродром Белбек во близина на окупираниот Севастопол било оштетено вечерта на 15 мај, соопшти партизанската група Атеш од привремено окупираниот Крим.

СЛОБОДНА ЗОНА

Првата дама на Република Северна Македонија и првиот човек епилог од штотуку завршените парламентарни, уште и не седнати во кабинетите и таман нешто со Преспанскиот и по нешто со Добрососедскиот прикрпивме, успеаја, онака „државнички просперитетно“ пак да нè испокараат со соседите и од југ и од исток и не само со нив туку и со сите во ЕУ и скоро ќе се случи тоа и со западниот кој ни крив ни должен грешно закачен за нас го блокираме за ЕУ и, нормално, и со унгарскион со кого, не само поради милијардата туку таму има уште по некои во моментов не толку важни пикантерии но, најважното од сè e што нашата ни мила Татковина, онака постизборно, не губејќи ниту ден забрзано и гордо тргнува во рикверц и како што и навестија и како што новите властодршци веќе и почнаа да практикуваат некои нови третмани со соседите… пишува Зоран Иванов во колумната „И овојпат, како и повеќепати досега, загубено неповратно ќе е и ова време македонско“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ