ВЕСТ НА ДЕНОТ
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ексминистерката за култура во Лондон со народни пари купувала хулахопки, плишани мечиња, топки и куфери, Костадиновска Стојчевска тврди дека купувала со лични средства
Да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина. Вака денеска поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека трошела пари од службената картичка за лични потреби.
На прес-конференција во партискиот штаб, Костадиновска Стојчевска напомена дека дел од трошоците што ги презентирал Миле Лефков, се однесуваат на нужност таа да обезбеди основни услови за нејзино нормално функционирање на службено патување по лет на кој авиокомпанијата и го изгубила багажот.
Потврди и дека сите трошења за нејзините лични потреби биле реализирани исклучиво од нејзината лична, приватна сметка, а сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми.
Костадиновска Стојчевска го повика Лефков од ВМРО-ДПМНЕ јавно да се соочат, преку некој од медиумите. Ако се утврди криминал во нејзиното работење, рече, ќе одговара пред кој било судија, но ако се докаже спротивното, ќе покрене, како што најави, тужба против ВМРО-ДПМНЕ.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„По тоа што слушам не верувам дека ќе помине, ќе биде неуспешна интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесена од политичката партија Левица,. Поголемите партии коишто се коалициски, тие што се во Владата, во мнозинството нема да ја изгласаат. Ќе биде неуспешна, меѓутоа ќе има шанса за спектакл од тие што се во опозиција, рече Таравари.
РЕГИОН
Рано утринава во реонот на градот Белград, БИА спровела контраразузнавачка акција и наводно уапсила хрватски шпион, тврди српскиот весник Вечерње новости, инаку близок до владата на Александар Вучиќ.
СВЕТ
Експлозии се слушнаа во Кијив и други градови низ Украина утрото на 26 август, кога Русија изврши масовен напад со проектили и беспилотни летала, при што загинаа најмалку четири лица.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Често се прашуваме – како во историјата ќе биде забележано времето во кое живееме? Што ќе биде главната одредница по која идните генерации ќе нѐ паметат? Ќе има ли воопшто нешто позитивно што ќе биде вредно за паметење?
Да, Македонија стана независна држава. Ама колку среќа од тоа видоа нејзините граѓани?
Еден поим како алиби за целото ова време постојано се наметнува како рамка за опис на овие триесеттина години. Ја нарекувавме транзиција во деведесеттитe, но таа „преодна фаза“ се растегна и често се прашуваме дали не стана состојба. А ние кои имаме доволно години за да се сеќаваме, сѐ почесто се вртиме со носталгија за времето кога започна тој процес на транзиција“, пишува Војо Маневски во колумната „Ќе излеземе ли од последиците на транзицијата или таа е веќе состојба“?
Д. Муратов