• Latest

24 ЧАСА: Кривични пријави за 11 лица за набавка на мазут; Интерпелацијата на член на Судски совет е противуставен акт; Историски договор за интегрирање на Курдите во Сирија

March 11, 2025
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Кривични пријави за 11 лица за набавка на мазут; Интерпелацијата на член на Судски совет е противуставен акт; Историски договор за интегрирање на Курдите во Сирија

March 11, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кривична за 11 лица, меѓу кои Капушевски, Јахоски и бегалецот Ковачевски, полицијата пронајде пиштоли, муниција, телефони, возила

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава за Капушевски и Асмир Јахоски и уште против 11 лица кои се сомничат за сомнителна набавка на деривати. Едно лице е во бегство и едно лице е во притвор, а при претресите пронајдена е и одземена документација, пет мобилни телефони, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Чачарова Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт

„Мојот став е, тврдам дека сум во право, дека интерпелација на член на Судски совет е недозволена и противуставен акт. Гледам во интерпелацијата подносителите на истата се повикуваат, а и по медиуми постојано тоа го слушаме, на нивното уставно загарантирано право да поднесуваат интерпелација, во смисла на член 72 од Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, одредбата од членот 68, став 1, алинеја 15, има поинакво уставно решение.

Таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција којшто одговара пред Собранието, изјави  членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска, по денешната редовна седница на Советот.

РЕГИОН

Српските студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ во блокада што ќе трае 22 часа

Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што ја почна синоќа од студентите во блокада  кои најавија дека ќе трае 22 часа. Вработените во Радио телевизија на Србија можат да си заминат, но ќе бидат спречени да влезат во зградата, најавија демонстрантите.

СВЕТ

Сириската привремена влада постигна историски договор за интегрирање на курдската заедница

Сириската привремена влада соопшти дека постигнала историски договор со Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите за интегрирање на групата во државните институции.

Привремениот претседател Ахмад ал Шара го објави договорот во понеделникот, велејќи дека тој има за цел „да ги обезбеди правата на сите Сиријци во застапеност и учество во политичкиот процес и на сите државни институции врз основа на компетентност, без оглед на нивното религиозно и етничко потекло“.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали говорот на омраза на социјалните мрежи е насилство или слобода на говор

ДЕМОКРАТИЈА

Леконт: На крајот, „чекс енд балансес“ ќе имаат поголема ефикасност од авторитарните режими

Краске: Научени лекции од грешките на Западните земји за сегашната состојба на Украина

 

Ресман: Она што се случува со администрацијата на Трамп е можност Европа да се обедини и да стане новиот дом на демократијата и човековите права во светот

 

Подготви: Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ