• Latest
Христијан Мицкоски и Албин Курти, фото Влада

24 ЧАСА: Мицкоски му се извинил на Курти за инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Османи; суспендиран „пиштолџијата“ на Гаши; пристигнаа авионите Ф-16 во Украина

August 5, 2024

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мицкоски му се извинил на Курти за инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Османи; суспендиран „пиштолџијата“ на Гаши; пристигнаа авионите Ф-16 во Украина

August 5, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Христијан Мицкоски и Албин Курти, фото Влада

Христијан Мицкоски и Албин Курти, фото Влада

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мицкоски му се извинил на Курти за инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Османи

На заедничката прес конференција помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, на новинарско прашање, дали Мицкоски се извинил за инцидентот на скопскиот аеродром на втори јули, со косовската претседателка Вјоса Османи, Курти одговори дека додека траела тет-а тет средбата со Мицкоски, имало извинување од негова страна, односно, дека изразил жалење за инцидентот и на средбата, како и претходно.

За време на прес конференцијата за медиуми, Мицкоски изрази жалење за тоа што се случило, нагласувајќи дека, доколку дознал на време, ќе одел на аеродромот лично, и би ја дружел претседателката, како и дека ќе се погрижи никогаш повеќе да не се случат слични инциденти, бидејќи двете земји имаат одлични соседски односи во сите сфери, и дека и во иднина ќе продолжи да се гради добриот однос.

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Шефовите на дипломатиите на членките на Групата седум индустриски развиени земји (Г7) и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел ги повикаа сите инволвирани страни на Блискиот Исток да се воздржат од продолжување на тековниот деструктивен циклус на одмазднички насилство, да ги намалат тензиите и конструктивно да се ангажираат кон деескалација на состојбата.

РЕГИОН

Бугарската партија „Има Такoв Народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го врати мандатот за формирање влада по неуспешниот обид за формирање стабилна владејачка коалиција, со што Бугарија се приближи до седмите избори во последните три години.

СВЕТ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи сподели фотографии од пристигнатите авиони Ф-16 во Украина.

„Го овозможивме она што беше наша амбиција, наша потреба за одбрана, а сега Ф-16 е навистина реалност, реалност на нашето небо“, пишува во објава Зеленски.

– Украина ги доби своите први борбени авиони Ф-16 од американско производство, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски. „Ф-16 во Украина. Ние го направивме тоа“, рече тој на церемонијата во неименувана воздушна база.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Несомнено, Хитлер бил посебно иритиран и не се воздржувал постојано и јавно да го прозива и да му се заканува на весникот, а секако и да го тужи уредникот на „Минхенски пост“, Мартин Грубер. Очекувано, судот пресудува во корист на Хитлер. Освен што Хитлер и неговата пропаганда водат континуирана кампања да го дискредитираат весникот во јавноста и го малтретираат уредникот со тужби, партиските милитанти на НСДАП (нацистичката партија) не ја штедат редакцијата ни од насилни физички напади.

Во ноќните часови, во деновите на обидот за пуч во 2017 година – пардон, во 1923 година – нацистите ја вандализираат редакцијата, ја уништуваат архивата и крадат сѐ што е потребно за нормално одвивање на работата на весникот. Нападите продолжуваат и понатаму, како што и весникот продолжува да се бори против нацистичката наезда до последниот миг.

И да не раскажувам понатаму, мислам дека сѐ е јасно. Само препорачувам – овој документарец може да се гледа и постпразнично, бидејќи борбата, нели, не продолжува, туку – трае, пишува Џабир Дерала во колумната „Празнични белешки и пропуштени лекции: Медиумите под опсада, од Хитлер до денес“.

*

„Македонската опозиција не покажа никаков интерес да го прокоментира и целосно поддржи минатонеделното обраќање на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, за брзи уставни измени, како единствена пречка, за продолжување на ЕУ интеграцијата, во кое и самиот министер потсети дека „во предизборната кампања како коалиција ВЛЕН, сме нагласиле дека тоа е еден од клучните приоритети, исто како што е и во програмата на Владата.”; како еден од ретките кои во изминатите месеци воопшто јавно ги изговори „забранетите зборови”: уставни измени.

Но, затоа пак не пропуштија да го таргетираат трет пат, претседателот на собранието Африм Гаши. Прво пречеше законската и уставна употреба на албанскиот јазик, како службен јазик; потоа пречеше „нарушената секуларност” на неформална седница во која едвај се „протна” одбележувањето на меѓународниот ден на сеќавањето и осудата на негацијата на геноцидот во Сребреница; за на крајот поголем скандал за “јавноста” во која солидарно се приклучи и СДСМ, да биде поведението на еден член на обезбедување (кој секако има механизми да биде санкциониран) на сметка на поведението и угледот на цела држава кон највисок странски дипломат. Чудна перспектива и приоритети, за до неодамнешните „предводници за ЕУ интеграциите”, пишива Никица Корубин во колумната „Ловци на уставните измени“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ