ВЕСТ НА ДЕНОТ
Комисијата за финансирање и буџет го одби амандманот на СДСМ за зголемување на платите
Од поднесените 58 амандмани денеска претпладне Комисијата не го прифати амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бараше зголемување на средствата за плати и надоместоци на плати.
Амандманот не беше прифатен со образложение дека во ребалансот на Буџетот се обезбедени средства согласно колективните договори и законските обврски.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Бислимоски: Од 1 август сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто
„Овие цени за домаќинствата се без субвенции. Доколку продолжат субвенциите намалувањето би било за 17,35 отсто, но РКЕ цени дека во моментов влегуваме во стабилизација кога се во прашање цените на енергенси генерално, природниот гас се враќа во очекувана нормала и дека нема потреба од субвенции. Субвенциите несомнено помогнаа да се амортизираат ефектите од енергетската криза, претходно и од пандемијата. Ова е одличен период за енергетските компании финансиски да се стабилизираат и консолидираат и да стартуваат со реализација на инвестициски проекти, како и зафати за рехабилитација на инфраструктурата“, рече Бислимоски.
РЕГИОН
Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Промени во Албанската влада; Уапсен главниот обвинител на Валона; Вилата на Радоичиќ не ги исполнува условите за полициска станица од безбедносни причини
СВЕТ
Хјуман рајтс воч (ХРВ) предупреди дека паравоените групи и армијата извршиле бројни сексуални напади во суданскиот главен град Картум и неговите предградија за време на граѓанската војна во земјата.
Невладината организација со седиште во Њујорк соопшти дека собрала сведоштва од 42 здравствени работници и работници на терен кои пријавиле 262 случаи на сексуално насилство во суданската престолнина помеѓу почетокот на војната во април 2023 година и февруари 2024 година.
СЛОБОДНА ЗОНА
Погрешна политика на Балканот – Опасно помирување, од Марион Краске; По Доха: Зошто Западот се ангажира со Талибанците?, од Анант Мишра и д-р Кристијан Каунерт за ИФИМЕС; Сексистички лаги и мизогини навреди насочени кон Камала Харис, од Драган Мишев; Скопје – Пекинг виа Будимпешта, од Драган Мишев.
Подготви: Д. Тахири