• Latest

24 ЧАСА: Собранието одобри Северна Македонија да се задолжи за 500 милиони евра од Унгарија; Мета им забрани пристап на руските државни медиуми; скандал мајсторите од ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2024
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

August 26, 2025
Фото: СКриншот од видео на ВВС

Израелските семејства на заложниците во Газа ги блокираат главните патишта за време на протестите во градовите низ Израел

August 26, 2025
Фото: Wikipedia/federalreserve.gov

Трамп нареди разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук – голема ескалација во неговата битка против американската централна банка

August 26, 2025

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Собранието одобри Северна Македонија да се задолжи за 500 милиони евра од Унгарија; Мета им забрани пристап на руските државни медиуми; скандал мајсторите од ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Собранието денеска со 65 гласа „за“ го  изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Заемот од Унгарската експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Ми претставува задоволство што овој проект дополнително ги зајакнува овие односи. Нашиот претходен ангажман се фокусираше на изградбата на Директорат за НАТО во рамките на Министерството за надворешни работи како и на формирањето на Национален координативен совет за НАТО. Сега ќе работиме заедно на развивањето на силни меѓувладини НАТО структури кои ќе подготвуваат и споделуваат анализи и ќе обезбедуваат поддршка на носителите на одлуки на највисоките позиции за прашања кои се од исклучителна важност за безбедноста на нашите две земји. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме работата која што придонесува за пошироката безбедност и стабилност на Северна Македонија и Обединетото Кралство како и на нашите НАТО сојузници“, потенцирал британскиот амбасадор Лосон по потпишувањето на меморандумот со министерот за надворешни Муцунски.

РЕГИОН

Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

Според информациите од дипломатски извори, меѓу темите што Белград ги предложи да се најдат на дневен ред е прашањето за мостот на Ибар, како и формирањето на Заедницата на српските општини.

СВЕТ

Американската групација Мета, која ги поседува Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и ВацАп (WhatsApp), соопшти дека им забранува на руските државни медиуми како RT и Rossiya Segodnya пристап до тие платформи ширум светот, наведувајќи ја нивната вмешаност во операции на тајно влијание.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за составот на Советот за безбедност на Претседателката?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Овие народни метафори од насловот би можеле да бидат адекватна асоцијација и прикладна компарација за фамозната од ковано железо ограда, а со монтирај – демонтирај – монтирај и веќе прескап проект, всушност, кога неодат работите со реформите, тогаш барем да оди стави – вади – стави забавата за народот или, кога не одат работите со реформите, барем да одат работите со оградата“, пишува Зоран Иванов во колумната „Одими – дојдими проект или, немал попот работа, си ја чешлал брадата“.

*

Молам? Тргнале во Софија без предходно, и нејзиниот шеф на протокол и нашата амбасадорка да не остварат ни телефонски  разговор со бугарскиот шеф на протоколот. Излегува дека претседателката отишла на недоговорено. Зарем со тоа што имале резервирани билети за оперска претстава сметале дека е  договорена протоколарна средба на високо државно ниво? Можеле и да не им отворат, да останат пред врата. И пак ќе беше скандал, како и да го свртиш. Освен ако предизвикување скандал не било дел од агендата?, пишува Драган Мишев во колумната „Скандал мајстори“.

*

„Со вториот обид за атентат врз Трамп, руската пропагандна машинерија ја искористи можноста да поттикне поларизирачки наративи. Крајно време е да се постават прашањата за улогата на политичкото насилство и неговата експлоатација во пропагандните цели на руските и други непријателски центри на моќта“, пишува Џабир Дерала во анализата „Обид за атентат врз Трамп: Грозниот чин што ѝ донесе „златна“ можност на руската пропагандна машинерија“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ