• Latest

24 ЧАСА: Сомнителна руска фирма се пријави на тендер во Министерство за одбрана; невакцинираните деца нема да се примаат во градинки; знамето на Шведска кренато пред седиштето на НАТО

March 11, 2024

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Сомнителна руска фирма се пријави на тендер во Министерство за одбрана; невакцинираните деца нема да се примаат во градинки; знамето на Шведска кренато пред седиштето на НАТО

March 11, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерство за одбрана

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма, пренесува МИА.

– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.

Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Кога застанав на чело на НАТО очекував негово зајакнување со прием на нови членки како Северна Македонија и Црна Гора, но не ни помислував за членство на Финска или Шведска“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристершон пред церемонијата на подигање на знамето на Шведска пред седиштето на Пактот во Брисел, како негова најнова 32 членка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВАКЦИНИ Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.

ЕП Заштитата на новинарите, борбата против странското влијание, надворешната политика и безбедноста на ЕУ, законот за вештачка интелигенција и енергетската ефикасност во градежништвото се меѓу точките на дневен ред на пленарното заседание на Европскиот парламент што започнува попладнево во Стразбур.

ИЗБОРИ Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Филмот „20 дена во Мариупол“, во режија на украинскиот новинар Мстислав Чернов, го освои Оскарот за најдобар документарен филм на 96-тото доделување на Оскарите.

Документарецот, како што пишува Кијив Индипендент, ја снима руската опсада на Мариупол во Доњецката област од перспектива на Чернов и неговата екипа во текот на првите недели од целосната инвазија. Тоа е првиот украински филм снимен од украински режисер кој некогаш добил Оскар.

*

Претседателот Путин ја започна оваа војна и може да ја заврши денес, но Украина ја нема таа опција. Предавањето не е мир. Мора да продолжиме да ја зајакнуваме Украина за да му покажеме на претседателот Путин дека нема да го добие она што го сака на бојното поле, туку мора да седне и да преговара за решение каде Украина ќе биде призната и ќе преовладува како суверена независна нација, заклучи Столтенберг.

СЛОБОДНА ЗОНА

Претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, така осамен во холот на својот хотел или во ходникот на некое австриско министерство онака груевистички препотентно ни фрла прав в очи дека неговите десни имале разбирање за неговите ЕУ ставови, дека во  Букурешт на собирот на сестринските партии меѓу кои, внимавајте, и во присуство и на госпоѓата Дер Лаен која по негов налог неговите нотарски депутати овде во собранието за францускиот ја навредуваа и ѝ крештеа со вувузелите брукајќи се и себе и партијата и државата и сега токму оттаму од каде што го отфикарија за нови рамковни преговарања, од каде што никој, ама баш никој, ама баш ниту еден од тие меѓународни на кои се повикува тоа не го потврди но, ете, имале разбирање за неговите заложби, попрецизно, разбирање не за нови преговори, пишува Зоран Иванов во колумната „Дешифрирањето би било – да си згазнам на власт па потоа здравје“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ