ЦИВИЛ ја алармира домашната и глобалната јавност дека војните и конфликтите повеќекратно ги зголемуваат ризиците по животната средина. Во контекст на Светскиот ден на животната средина, ЦИВИЛ ќе ја објави и анализата „Перспективите на циркуларната економија во време на војна и несигурност“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Не само што гледаме негативна реакција во однос на демократијата и владеењето на правото, туку и сојузникот на Путин кој владее во Србија. Доколку Вучиќ продолжи да води политика на овој начин, обидувајќи се да го дестабилизира целиот регион, треба да ги земеме предвид последиците како што е замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ“, изјави Андреас Шидер од Социјалдемократската партија на Австрија на изборите за Европскиот парламент и набљудувач на декемвриските избори во Србија.
РЕГИОН
Словенечкиот парламент синоќа го одобри признавањето на независна палестинска држава, отфрлајќи го барањето на главната опозициска партија за референдум за ова прашање.
Гласањето дојде откако словенечката Влада минатата недела одлучи да ги следи Шпанија, Ирска и Норвешка во признавањето на Палестина како независна, суверена држава, како дел од напорите да се запре израелската офанзива во Појасот Газа.
СВЕТ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја критикуваше Кина за бојкотот на мировната конференција за Украина во Швајцарија што ќе се одржи месецов.
Столтенберг меѓу другото посочи дека од почетокот на инвазијата, Кина продава напредна технологија, микроелектроника и друга опрема за да ја зајакне руската воена економија, овозможувајќи и на Русија да ја продолжи агресијата врз Украина.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Националистите нема да чекаат долго за да се уверат дека „другите се виновни“ за сѐ. А кога ќе ги нападне сомнежот во исправноста на власта, доволно ќе биде да вклучат ТВ и ќе им се смири душичката.“, од Џабир Дерала во колумната „Парламент со апсолутно мнозинство од националисти и радикали“.
Подготви: Д. Тахири